Фудбал

Икарди седи кец

Мауро Икарди не е ниту Јохан Кројф, ниту Лео Меси. Направи пародија од 11 метри.

Админот на Наполи го истрола Осимен за пеналот

Виктор Осимен немаше ден на гостувањето против Болоња кое заврши 0:0. Прво го промаши цел гол од 11 метри, а потоа се расправаше со Руди Гарсија бидејќи не го остави во игра до крај. Админот на официјалниот Тик Ток на Наполи, не беше воопшто нежен со најдобриот стрелец во Серија А за минатата сезона и еден од најзаслужните за Скудетото.

Стигна мечот во Австрија чекан 18 години: Како Ред Бул ја избришал традицијата на Австрија Салцбург

Австрија Салцбург е клуб кој на времето им носел голема радост на навивачите и љубителите на фудбалот. „Градската ќерка“ во виолетово-бела боја била гордост на градот, стигнала дури и до финале на Куп на УЕФА каде изгубила од Интер. Во еден момент гигантот Ред Бул влетува и со силен капиталистички замав ги брише грбот, боите, традицијата.

Циркузантски глумец на сезоната

Од 6. коло во турскиот шампионат, понеделнички играа само Хатајспор и Тразбонспор. Енис Барди го одигра цел натпревар и си замина дома со пораз од 3:2, а неговиот колега, 21 годишниот Мехмет Чан Аудин со титулата од насловот: Циркузантски глумец на сезоната. Каков лик, па ова не се повторува.

Син му на Дејан Станковиќ почна да собира аплаузи во Италија

Филип Станковиќ е голман роден во Рим 2002-ра, додека Деки го носеше дресот на Лацио. Го запишал во академијата на Интер, но сезонава брани на позајмица во Сампдорија. Интервенцијава против Парма ветува нова славна генерација во Италија во семејството на Станковиќ.

Бразилска навивачка опељушила цел стадион

Сао Пауло го освои вредниот Куп на Бразил откако во големото финале против Фламенго, првин на гости славеше 0-1 а потоа дома со ремито 1-1 на реваншот го освои пехарот. На прослава на трофејот имало илјадници навивачи а една навивачка покажала што крие во градникот.

Голман коцкар

Еспањол одлично ја почна сезоната во шпанска втора лига Сегунда и имаше 4 победи и 2 нерешени средби во шест кола. Но во седмото коло поради голем кикс на голманот Фернандо Пачеко, Тенерифе ги победи со 1:0 со голот на Енрико Гаљехо.

Има најава за нов тренер на Реал после Анчелоти

Пред извесно време бразилската фудбалска федерација соопшти дека е потпишан договор со Карло Анчелоти кој ќе ги преземе кариоките во јуни следната 2024-та година. На негово место на клупата на Реал Мадрид најверојатно ќе седне некогашниот играч на овој клуб кој блеска како тренер.

Како го изигравте ова момци, газдата бонус треба да ви даде

Доста веќе со слободни удари и ножички, се изнагледавме и погледнете што искомбинираа момците на Аргентинос Јуниорс. И тоа сè на прва. Убавина од акција зачинета со прокласен финиш. Да ужива човек.

Толкав празен гол да промашиш?

Херта Берлин се изнамачи со играње баражи и со години е помеѓу прва и втора Бундеслига. Моментално се второлигаши и после 7 кола имаат 3 победи и 4 порази. Со 9 бода се на 9. место. Во неделата славеле 2-3 на гости кај Кил а нивниот талент Дери Шерант (20) промашил празен гол во финишот.

Хит соло прошетка на стопер на Ријека

Ама навистина е ова прошетка, а не некаков си брз соло пробив. На Нико Галешиќ од Ријека едноставно никој не му тргна сериозно. 100 метри водеше топка на теренот на Славен Белупо и што е најјако, со оваа негова решителност му донесе 3 бода на својот тим. Смешки.

Како една мала носталгична приказна станала голема во Италија

Инспиративна сторија пристигнува од Апенинскиот полуостров. Приказна која со голема веројатност би имала одек и во регионов.

Меси: Идејата во Мајами беше меѓудругото да почнам и да се релаксирам

Едно поинакво интервју со Лео Меси, повеќе за приватниот живот и секојдневието, отколку за фудбал, иако и тоа е неизбежна тема. На пример ќе дознате дали знае да го крене осигурачот ако му снема дома струја среде ноќ.

Во колекцијата најчудни фудбалски акции, оваа е на високо место

На мечот Хапоел Ерусалим - Макаби Нетања во израелската Премиер лига кој заврши 1:1, при резултат 0:0 се случува нешто досега ретко видено. Гостински фудбалер промашува зицер каков што се дава на спиење, ама во продолжение од акцијата уште поголема глупост прави домашниот голман Нигериецот Адебајо Аделеје (23). По негова среќа на крајот домаќинот во 96-та минута стигнал до бод (1:1).

Каква луда завршница на дербито на Прага

Викендов најлудо дерби се одигра во Чешка. Градските ривали Славија и Спарта Прага режираа драма каква може да понуди само фудбалот.

Челси бира гол на месецот - ама од тренинг

По протерувањето на Роман Абрамович, Челси веќе не личи на клуб. Сините од Лондон потрошија буквално 1 милијарда за нови засилувања во изминатите година ипол, доведоа преплатени ѕвезди но цел месец сега немаат дадено гол. Еден гол.

А слушнавте ли за рекордот на Њукасл во Премиер?

Во неделата Њукасл на гости го разби Шефилд Јунајтед со неверојатни 0-8. Стрелци на сите голови беа различни фудбалери што не се случило никогаш во историјата на Премиер лига при така убедлив триумф.

Пантерски рефлекс на голманот на Арсенал во дербито

Во големото дерби на северен Лондон, Арсенал и Тотенхем пред повеќе од 60.000 гледачи одиграа 2-2. „Топџиите“ два пати поведуваа, но гостите брзо одговараа. Два гола за Тотенхем даде Кореецот Сон кој сега има вкупно 5 гола на ова големо градско дерби и ги надмина Анри, Пирес и Хари Кејн. Одлично бранеше и голманот Давид Раја кој го седна репрезентативецот Ремздејл на клупа.

Атрактивна пас игра на Тотенхем под притисок

Лондонското дерби заврши 2:2, откако Сон на два пати одговори на водствата на Арсенал. Фудбалерите на Тотенхем покажаа дека и под жесток притисок на градскиот ривал, умеат многу добро да играат брзо, прецизно и поврзано. За малку ќе постигнеа и гол од оваа прекрасна акција.

Спектакуларно голчиште на Хакими

Килијан Мбапе синоќа одигра само половина час поради повреда, но и без него ПСЖ му ја наполни мрежата на Олимпик Марсеј со четири комада. Резултатот го отвори Ашраф Хакими по само 8 минути игра, гол кој сигурно ќе конкурира за еден од најубавите на сезоната.

Што ме вадиш, треба победа да бркаме со двајца напаѓачи

Актуелниот шампион на Италија не бележи баш убедлив старт како лани и по 5 кола има само две победи. Со Болоња на гости одигра без голови и откако Руди Гарсија ги извади крилните напаѓачи Кварацхелија и Распадори за да освежи со Елмас и Политано, направи измена Осимен-Симеоне. Нигериецот се налути и му гестикулираше дека треба во финишот да гризат со двајца истурени напаѓачи.

Растур систем на Миовски со два гола и асистенција

На Бојан Миовски му лежи Шкотска како на никој друг македонски играч и веќе има 7 гола на стартот на новата сезона.

Чудесниот пресврт на Барса која победи после негатива од 0:2 до 81 минута

Момците на Чави бележат одличен старт во Ла Лига со 5 победи и едно реми. Синоќешниот триумф е нешто невидено откако постојат како клуб.

Совршен рецепт за идеален слободен удар

Во француската Лига 1 Нант и Лориен одиграле спектакуларен меч со дури 8 гола. Гостите први повеле 0-1, па домаќините воделе 4-3 и на крај победиле 5-3. Од сите осум гола најубав бил оној на Мустафа Мохамед во 55' минута за Нант.