Колку и да забега во лоши друштва по тоа фавелите во Бразил, Адриано со години остана најзборувана бразилска ѕвезда која не светна до крај. Непосакуваниот пад му се случи кога почина татко му, психолошки удар кој не го издржа додека пукаше неодбранливи бомби во дресот на Интер со кој освои две Скудета. Токму и тоа го истакнува, дека тогаш наместо пари бил во потрага по својата среќа.