Фудбал

Само во Македонија се судат вакви срамни пенали

Воска Спорт славеше против Македонија Ѓорче Петров со 2:1, ама погледнете со каков пенал и тоа за чудо досуден од нашиот најдобриот судија со богато меѓународно искуство, Александар Ставрев. Кај нас нема ВАР, туку срам.

Деби гол на Несторовски за Асколи

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски ја начна мрежата и во третата италијанска авантура после оние во Палермо и Удинезе. Нестор му донесе предност на Асколи против Сампдорија во 49-та минута, но гостите ги поставија конечните 1:1 само две минути подоцна преку Борини од пенал.

Лудачки пресврт на џокерот Мектоминеј во 93-та и 97-ма за победа на Манчестер

По поразите од Кристал Палас и Галатасарај, Манчестер Јунајтед беше готов да потоне трет по ред на Олд Трафорд. Но внимавајте го добро финишов. Од 26 минута губеа 0:1 од Брентфорд. Скот Мектоминеј влезе во 87-ма и збрца два гола во судиското продолжение за победа и делириум на трибините. И тоа вториот на асистенција на Мегваер. 93-та и 97-ма. Неверојатно.

Дај ваков гол од корнер да те видам

Добро, треба да ти се погоди и голманот.

Само Жозе знае да направи ваква парада пред камери

По триумфот над Сервет од Швајцарија во ЛЕ, додека Мурињо даваше изјава, го викна до него 19 годишниот Франческо Д`Алесио од Примавера на кој ноќта му овозможи на дебитира во прв тим. Потоа во свој стил раскажа една куса и убава случка, која се разбира оди во прилог на неговиот имиџ. Еј кој курназ е.

Како и колку време работел Бекам за да го донесе Меси?

Четири години. Да, четири години им било потребно на Бекам и неговите партнери за да го направат трансферот од соништата кој направи тектонски промени во Америка. Секое сабајле одел да го гледа на тренинг.

Нетфликс го најави документарецот за Рене Игита

Ќе остане запаметен како голман кој ја измисли и изведе најризичната интервенција во историјата на фудбалот со таканаречениот скорпион удар. Икона на колумбиската репрезентација, онаа најсилната од почеток на 90-те со Асприља, Валдерама и останатите. Беше уапсен бидејќи го посети Пабло Ескобар во затвор. 49 гола има постигнато.

„Што ќе ми е дрес од Мбапе, на Јутјуб има дека сум играл против него“

Дан Брн е комичар бр. 1 во англискиот фудбал. Како што на времето беше Питер Крауч кој владееше со царски типичен британски хумор, така сега тоа е високиот бек и стопер на Њукасл. Со 201 см висина и снажна конституција, Брн е карпа во последната линија на премиерлигашот. Дебитираше и во Лига на шампиони а му даде и гол на силниот ПСЖ во триумфот до 4:1.

Од што падна бе цреп?

На толку европски натпревари последниве три дена, мора да се најде и некој цреп. Како се вика црепот? Дамијан Зимански од АЕК Атина на мечот против Ајакс во Лига Европа. Остај ти муабетот, Италијаните само глумеле. Сегде ги има.

Бешикташ водеше 2-0 до 81’ минута и на крај изгуби 2:3 од Лугано

Синоќа во Лига Европа и Лига Конференции се одиграа еден куп натпревари. Имаше сè и сешто а најлудиот пресврт се случи во Истанбул. Големиот фаворит Бешикташ водеше 2-0 против аутсајдерот Лугано до 81’ минута и се беше спремно на стадионот за прослава на нови три бода. Ама тогаш настапуваат гостите и со голови на Алиседа во 81-ва, Влади во 86-та и автогол на некогашниот стопер на Ман. Јунајтед Ерик Баји прават тотален пресврт за кој им аплаудираат и домашните навивачи.

Дарвин требаше да го праша голманот кај да му ја шутне

Ливерпул очекувано го доби Унион Сент Жилоа со 2:0 и има 2/2 во групната фаза од ЛЕ. Требаше и мораше да биде 3:0. Клоп и цела клупа се чудеа порази пацерската завршница на Дарвин Нуњез.

Деби европски гол на Миовски кој го спаси Абердин од пораз

Ништо не прави Абердин без македонскиот центарфор, кој веќе нанижа 8 погодоци на стартот од новата сезона.

Не само што го прати на паркинг, туку и му се извини

Се гледа дека е и подебел и побавен, ама па затоа поснаодлив е. На крај му се сврте и му крена рака за извини. Цар. Ќе пие гратис пиво после утакмица за потегов.

Вечерва на „Енфилд Роуд“ ќе играат брат против брат

Светскиот шампион со Аргентина, Алексис Мек Алистер летово направи голем трансфер од Брајтон во Ливерпул. Фудбалската судбина сакаше тимот од „Енфилд Роуд“ да падне во Лига Европа со белгиски Унион Сен Жилоа за кој игра брат му Кевин Мек Алистер кој е дефанзивец. Од таа причина црвените организирале онлајн муабет на браќата.

Фудбалери во Босна му се пуштија на судијата, па влета девојка му да го брани

Хит видеото кое од БиХ се рашири регионално се случува на нисколигашки меч во Градишка. Медиумите од таму информираат дека интервенција била успешна и судијата си отишол дома читав. Па ваква случка немало до сега никаде во свет. Викнете ги СиЕнЕн.

Како беше поздравен победничкиот гол на Икарди против Манчестер во Истанбул?

Човекот кој доби премала минутажа во ПСЖ, се пронајде во Турција и стана главна фигура во Галатасарај. Бројките му се топ. Минатата сезона 23 гола на 26 средби, а оваа уште на старт удри со 11 комада на 13 натпревари. Големата победа на Олд Трафорд од 2:3 со голот на Маури Икарди во една турска населба се славеше вака:

Двајцата навивачи на Њукасл кои заиграа во Лига на шампиони и го згромија ПСЖ

Ако некои навивачи најеуфорично прославија пласман во Лига на шампиони после цели 20 години, тоа се оние на Њукасл. Просто уживаат во новата сезона на ЛШ а синоќа како јагодка на тортата се насладија и на историски триумф од 4:1 против богатиот ПСЖ.

Селтик со покривни знамиња против Мусолини, дали Бенито стварно навивал за Лацио?

Навивачите на Селтик кои важат за антифа и станаа прочуени со масовната борба за Палестина во конфликтот со Израел, веќе неколку пати од трибините вадат покривни знамиња со натписи на тема антифашизам како и казни и бесилки за Бенито Мусолини, познатиот италијански фашистички лидер од минатото.

Оштетен ли е Порто драстично за пенал со Барселона?

Барса го преживеа жестокиот „Драгао“ каде 90 минути владее огромен притисок од преку 50.000 домашни навивачи. 

Остај ти ЛШ и погледни ја атракцијава во МЛС

Белгиецот Брехт Дежагер од Шарлот ги засени сите стрелци во спортската среда, резервирана за средбите од Лига на шампиони. Кој знае колку е голем ќеифот да ти успее ова кое се случува еднаш во кариера. Златан најдобро знае.

Жиру мајсторе, ти ли ова да го промашиш?

Само Борусија Дортмунд и Милан одиграа 0:0 на сите 16 средби од 2. коло во ЛШ, а сигурно многу ја уплатиле на голови. Оливие Жиру е доста искусна коска за да не реализира ваква чиста шанса пред гол.

Евроголот кој го распали фитиљот на „Сент Џејмс Парк“

Англискиот премиерлигаш долги години страдаше под водств на претходната управа со која тапкаа во место и беа или во втора лига или се бореа за опстанок во Премиер. Сега после 20 години заиграа во Лига на шампиони и враќањето на еврофудбал на „Сент Џејмс Парк“ беше спектакуларно. Кастл со 4-1 го згроми ПСЖ. Последниот гол во судиско продолжение дело на Фабиен Шер го запали фитиљот.

Херојски клизач на Кунде кој спречи израмнување на Порто

Со голот на Феран Торес, Барселона стигна до големи три бода на Драгао и е единствена во група со две победи. Голема заслуга за тоа има Жул Кунде, кој спречи речиси сигурен гол на домаќините кои преку Пепе имаа ситуација еден на еден со Тер Штеген.

Њукасл го растури ПСЖ за историски триумф, Лацио славеше во Глазгов

Фудбалерите на Њукасл со 4:1 го згромија Пари Сен Жермен кој и со Килијан Мбапе беше немоќен на жестокиот „Сент Џејмс Парк“. Барселона го преживеа „Драгао“, а Лацио со нов гол во длабоко судиско продолжение стигна до злато вредни три бода кај Селтик. Шахтјор Доњецк направи чудесен пресврт во Белгија по негатива од 2:0.