Нова голеада на Македонците во Шкотска, овој пат со три гола на еден меч

Како што се зголеми македонската колонија во Шкотска, така паѓаат и повеќе голови. Па тек уште Бојан кога ќе пристисне гас.

Паралелно со Абердин, следете го внимателно оваа сезона и Данди Јунајтед кој само што им облече дресови на две нови имиња од Македонија, не може головите да им ги доброи.

Данди во Лига Купот го декласираше Баки со 5:2. Кристијан Трапановски запиша нови два гола, а Давид Бабунски еден.

И веќе на старт Трапановски на 4 настапи има 3 гола и 2 асистенции, а Бабунски 2 гола на 3 средби. 

Сите постигнати во шкотскиот Лига куп кој се игра како најава за новата сезона во Премиер лигата.

Уште пред да почне домашното првенство, двајцата нови македонски играчи најавуваат дека ќе бидат големи засилувања за Данди Јунајтед, кој е повратник во прва лига.

Инаку Кристијан Трапановски е дете на Академија Пандев, генерација 1999-та со Миовски, а го ангажираа од Шкупи. 30 годишниот Бабунски во Шкотска пристигна од Унгарија.