Поврзаноста на Начо со Реал Мадрид е посебна бидејќи траеше 23 години или поточно од 2001-ва кога имал 10 години.
По играњето во сите младински категории, Начо за прв тим заигра во 2012-та и оттогаш ги бранеше боите на клубот 12 години, за време на еден од најуспешните периоди во историјата на Реал.
34 годишниот дефанзивец освои 26 трофеи од кои 6 во ЛШ и со тоа стана само еден од петмината во историјата кој освоил 6 клупски европски титули.
Има 5 титули во Светско клупско првенство, 4 во Супер Купот на Европа, 4 во Ла Лига, 2 домашни купови и 5 Супер Купови на Шпанија.
Запиша 364 настапи, а последен ќе му остане финалето од Лига на шампиони против Борусија Дортмунд кое се одигра на 1 јуни на Вембли.
По долгата, трофејна, незаборавна и неповторлива кариерата во Реал Мадрид, најверојатно ќе заигра во Саудиска Арабија.