Фенербахче се помачи да ја оправда фаворитската улога и пред реваншот во Турција за седум дена, обезбеди триумф на гостувањето во Швајцарија од 3:4.
Лугано поведе рано уште по 4 минути игра, но потоа на сцена стапи извонредниот Един Џеко кој 46-та до 67-ма минута комплетираше хет-трик.
Незапирливиот босански напаѓач кој тресеше мрежи во Манчестер Сити, Интер и Рома, го запиша 21-от хет-трик во кариерата.
Џеко има 38 години, ја игра 22-ра сезона, а минатата беше фантастичен во турскиот шампионат со 21 гол. Само Икарди беше пред него со 25.
Инаку ако Фенербахче го мине Лугано, во 3. квалификациско коло ќе се сретне со Лил.
Jose Mourinho ile devlerin aşkı büyük olur 👑pic.twitter.com/ZUvypEJNyZ
— lewisbahce (@lewisbahce) July 23, 2024
Edin Dzeko has a 21' hat-trick in José Mourinho's first match as Fenerbahçe manager in their #UCL second-round qualifier against Lugano 🇹🇷
— CBS Sports Golazo ⚽️ (@CBSSportsGolazo) July 23, 2024
The 38-year-old striker is beginning his 22nd (!) professional season on a high note 🎩 pic.twitter.com/w9qycVuQkF