Фудбал

Потегот на мечот во Франкфурт е асистенцијата на Кварцахелија

Наполи сезонава е сериозен тим кој дроби во Италија со неверојатна предност од +15 пред второпласираниот Интер. Истовремено се заканува и во ЛШ, каде ја освои многу тешката тврдина на Ајнтрахт Франкфурт. И тоа со страшна доминација од 67% посед на топка, 17:5 во удари од кои 10:1 во рамки на гол. Откако Осимен го отвори резултатот, младиот Грузиецот кој веќе стана ѕвезда, му сервираше многу мангупска топка на Ди Лоренцо за конечни 0:2.

Реал го понижи Ливерпул со петарда и пресврт, Елмас и другарите го освоија Франкфурт

Тимот на Јирген Клоп игра сезона за заборав. Паралелно со очајните резултати во Премиер лига, каде пркнаа последниве две кола, се соочи со дебакл уште во осминафиналето од ЛШ. Од 2:0 против Реал, пукна срам со пораз од 2:5. Осимен и Ди Лоренцо се изборија за ветувачки резултат на Наполи кој доминираше во Германија со 67% посед на топка и 17:5 во удари. Кварацхелија промаши пенал, Елмас влезе во 80-та.

Лудо полувреме на Енфилд, Винисиус врати со два гола, катастрофална грешка и на Алисон

Ливерпул и Реал Мадрид приредија уживање во првите 45 минути за сите пари. На брзите голови на Нуњез и Салах после 14 минути игра, Винисиус возврати со два комада за 15 минути. По киксот на Куртоа, слична глупост направи и Алисон.

Велемајсторија на Нуњез и голем кикс на Куртоа, Ливерпул има 2:0 по 14 минути

Осминафиналето Ливерпул - Реал Мадрид, како реприза на финалните битки во 2018-та и 2022-ра, стартуваше спектакуларно со многу рано водство на домаќините од 2:0. Тибо Куртоа капитулираше очајно лошо во 4 и 14 минута, прво со Дарвин Нуњез кој му изрежира супер атракција, а потоа против Салах на кој практично му подари гол.

Што ти значи да си играч на Барселона

По примерот на својот соиграч и другар Гави, младиот Педри на еден настан се фотографирал и делел автограми на присутни навивачи на Барселона. Во еден момент една девојка му додава ливче а шпанскиот репрезентативец го става во џеб.

16 години немало премин од Реал во Барселона и спротивно

Во последните неколку години сè почесто дека Марко Асенсио ќе го напушти Реал Мадрид, а како следна дестинација изненадно се споменува Барселона. Одамна немало голем трансфер меѓу вечните ривали, а најпознат е оној на Луис Фиго кој направи голем потрес.

Рекорд за Гинис: Тимот што прима најбрзи голови

Португалската екипа Арука игра сосема пристојна сезона. После 21 коло во Примеира, седми се на табела со 8 победи, 6 нерешени и 7 порази. Освоиле досега 30 бода. Необично со овој тим е што примиле три најбрзи гола во португалската суперлига.

Во селска лига нема ВАР, таму сè се гледа

Кај Англичаните селски фудбал е познат под терминот Sunday League, односно фудбал за прави гурмани и мераклии. Така минатиот викенд на мечот меѓу тимовите Трупер и Норт Солихал Атлетик имало типични „ројкиновски“ или ако сакате „полмерсоновски“ стартови.

Да ѕирнеме каква кошарка се играла во 1939-та

Кога ги гледаме дечкиве од Њујорк Колеџ и Орегон Универзитетот во култната Медисон Сквер Гарден во САД, не останува друго туку да се запрашаме колку бода би им бегале на табела на денешните тимови кај нас?

Моќна најава на Ајнтрахт за дуелот со Наполи

Без разлика што во Франкфурт вечерва од 21 часот гостува лидерот од Серија А кој игра многу убедливо сезонава, актуелниот првак на Лига Европа најавува дека е гладен за успеси. Се потрудиле бајаги со трејлерот, со стари снимки од нивното прво соочување во 1994-та.

Шеикот кој од 1992-ра навива за Манчестер, испратил понуда да го купи Јунајтед

Две официјални понуди за купување на мнозинскиот пакет акции во Манчестер Јунајтед веќе стигнале на „Олд Трафорд“. Една е од Шеик Јасим Бин Хамад Ал Тани, а друга од најбогатиот Британец, милијардерот Сер Џим Ратклиф.

Два прекрасни гола на Дори Бабунски во Унгарија

Центарфорот на македонската репрезентација игра во сјајна форма за унгарски Дебрецен. Неговиот тим е во добра серија победи, а Дориан чиј соиграч е легендарниот унгарски фудбалер Балаш Џужџак, веќе има 9 гола на своето конто и е четврти стрелец во силната унгарска лига. На гостувањето кај Хонвед, помладиот од браќата Бабунски постигна два прекрасни гола, а неговиот тим на крај славеше 2-3 со погодок со пета на Манце.

Касиљас му се сипа на Пике на тема судење во корист на Барса

Не знаеме дали овие податоци му се точни или ги вади од ракав. Како и да е, легендарниот голман на Реал го напаѓа јако сега веќе поранешниот стопер на Барса со кој долго време играа заедно за репрезентација. Муабетот оди вака:

Како е настаната божјата левица?

Синиша Михајловиќ денеска требаше да наполни 54 години. Дознајте за почетоците во неговиот прв клуб ФК Борово каде заиграл на 10 години, основното школо, првите импровизирани стативи, голот на кој останувал да вежба слободни удари после тренинг, додека другарите оделе да се релаксираат на базен.

Мајсторија од слободен удар во чест на Атсу

Фудбалскиот свет е потресен од смртта на 31 годишниот член на Хатајспорт, кој беше пронајден меѓу жртвите од земјотресот во Турција после 12 дена. Посебна почит му оддадоа викендов на мечот Њукасл - Ливерпул, бидејќи беше дел од тимот на Сент Џејмс Парк, а неговиот сонародник Мохамед Кудис постигна голчиште за Ајакс и му го посвети токму нему.

Конечно и една нормална вест за аргентинскиот голман

Емилијано Мартинез делува како да е смотан колку што е висок. Во претходните неколку сезони направи ревија глупости, ги иритираше сите навивачи, сите обични љубители на фудбалот, па и своите. На Светското првенство се глупираше по освоениот пехар, но сега покажа и дека има голема хуманост во него.

Пепе си остана фејкер во шеснаесетник

Бадијала има 22 години стаж во фудбалот од кои 10 во Реал Мадрид, кога еве го на крај на месец 40 полни и уште тера по старо со тоа селските финти. Удира играч, а глуми дека него го удираат. И што е најапсурдно успеа да ги излаже судиите и да добие фаул во своја корист. Мизерија од спортист.

Фудбалер на ПАОК со асистенција на сезоната

Во големото дерби на грчкиот фудбал, ПАОК со 2-0 го совлада големиот ривал АЕК од Атина. Во грчката Суперлига ќе има неизвесна драма до крајот затоа што Панатинаикос (после х години) е прв со 54 бода но и меч повеќе од АЕК кој има 50 бода. Олимпијакос е трет со 49 и се врати во игра за титулата, а тука е и ПАОК со 47 бода, 7 помалку од лидерот ПАО.

Сите 11 играчи на Нотингем учествуваа во голот против Сити

Само што го стигнаа Арсенал на табела, фудбалерите на Манчестер Сити неочекувано кикснаа на гости против Нотингем Форест. Бернандо Силва погоди во 41-ва минута, Крис Вуд израмни во 84-та после одлично и трпеливо изработена акција. Ко мислиш англискиот првак ја режира.

Евроголот на Меси за победа во 90+5’ минута

ПСЖ и Лил го одиграа мечот на сезоната во Лига 1. Парижаните по кој знае кој пат сезонава одиграа топло-ладно. Водеа 2-0 па Лил направи целосен пресврт за 2-3. Во финишот Мбапе во 87’ минута израмни а Лео Меси во 90+5’ минута го реши победникот за огромна радост на домашните.

Полски фудбалер ѝ пркоси на физиката

Промашувањето на сезоната 2022/2023 и официјално е дело на играчот на полска Лехија Гдањск, Михал Налепа. На гостување во Кјелце Налепна во длабоко судиско продолжување, при резултат 1-0 за домаќинот, имаше епохална шанса да израмни и да донесе голем бод за Лехија.

Емотивни сцени на „Сент Џејмс Парк“ за загинатиот Атсу во земјотресот

По 12 дена неизвесност, поранешниот фудбалер на Њукасл Кристијан Атсу пронајден е мртов денеска под рушевините во Турција. Пет часа пред земјотресот требал да се качи на авион, но голот за победа го предомислил.

Аматерски кикс на голманот на Њукасл и заслужен црвен картон

Њукасл имаше ужасно прво полувреме против Ливерпул и во рок од 12 минути прими два гола и остана со играч помалку поради глупоста на Ник Поуп. Во обид да го спречи Салах да зголеми на 0:3, ја изрежира најлошата можна верзија на Ноер.