Два прекрасни гола на Дори Бабунски во Унгарија

Центарфорот на македонската репрезентација игра во сјајна форма за унгарски Дебрецен. Неговиот тим е во добра серија победи, а Дориан чиј соиграч е легендарниот унгарски фудбалер Балаш Џужџак, веќе има 9 гола на своето конто и е четврти стрелец во силната унгарска лига. На гостувањето кај Хонвед, помладиот од браќата Бабунски постигна два прекрасни гола, а неговиот тим на крај славеше 2-3 со погодок со пета на Манце.

Бабунски ги постигна погодоците во 27’ и во 72’ минута:

 

21 февруари 2023 - 09:47