Пред мечот Њукасл - Ливерпул 0:2 имаше едно минутно молчење и аплауз во чест на Кристијан Атсу, кој за жал не го преживеа земјотресот во Турција.
За време на оддавањето почит во кадар ги има и неговата сопруга со двете деца кои беа присутни на трибините.
Од неговиот клуб Хатајспорт соопштија дека тој имал други планови и не требал да биде во Турција кога ќе случи страшниот земјотрес.
Атсу имал купено авионска карта за Франција, каде планирал да го посети своето семејство, но вечерта пред земјотресот го реши мечот против Касимпаша со гол во 97-ма. Понесен од еуфорија, го откажал патувањето.
„Требаше да лета во 23 часот, но се откажа. Земјотресот се случи во 4 часот наутро. Каква трагедија“, изјави директорот на Хатајспорт Фатих Илек.
Поранешниот репрезентативец на Гана за која има 65 настапи, играше за Њукасл во периодот 2017-2021. За неговата состојба се распрашувал и Рафа Бенитез, кој му беше тренер на Сент Џејмс Парк.
„Следев вести и рекоа дека е добро. Контактирав со негов поранешен играч и тој рече дека чувствува дека тоа ќе биде лоша вест. Беше посебна личност, добро момче и професионалец. Секогаш со насмевка. Навистина многу тажно. Контактиравме минатиот месец преку пораки“, вели Бенитез
31 годишното крило кариерата ја почна во Порто во 2011-та, а пред да заигра за Њукасл, како член на Челси беше позајмуван во неколку екипи. За Хатајспорт потпиша во септември минатата година.
Sad moment: Christian Atsu’s wife and kids as Newcastle pays tribute #ChristianAstu #EPl #NEWLIV pic.twitter.com/tJ8NH5V1av
— KEd (@ambrose_wash) February 18, 2023
Ден по земјотресот се појави вест дека е спасен.