Фудбалер на ПАОК со асистенција на сезоната

Во големото дерби на грчкиот фудбал, ПАОК со 2-0 го совлада големиот ривал АЕК од Атина. Во грчката Суперлига ќе има неизвесна драма до крајот затоа што Панатинаикос (после х години) е прв со 54 бода но и меч повеќе од АЕК кој има 50 бода. Олимпијакос е трет со 49 и се врати во игра за титулата, а тука е и ПАОК со 47 бода, 7 помалку од лидерот ПАО.

Дербито ПАОК - Аек заврши 2-0, а првиот гол на домаќините кој го даде Халед Нареј беше после невозможна асистенција на 19-годишниот Јанис Констателиас кој важи за најголем талент на грчкиот фудбал во моментов.

20 февруари 2023 - 10:05