Фудбал

Македонски репрезентативец со Роналдо во тимот на колото во Саудиска Арабија

Александар Трајковски го постигна единствениот гол за неговиот тим Ал Феиха на гостувањето кај Ал Тавун во меч кој заврши 1-1. Трајковски бил прецизен во 31’ минута од средбата а тоа е негов втор гол сезонава во луксузната саудиска Про Лига.

Храбриот Полјак без една нога кој ја доби наградата „Ференц Пушкаш“ за најубав гол

Полјакот Марчин Олекси заслужено беше една од најголемите ѕвезди на синоќешната манифестација The Best на која ФИФА додели неколку награди за најуспешните од минатата година.

Боливиски анти фер плеј при изведување пенал

Чудни фудбалски ликови ни се појавуваат утрово на интернет. Голман во индонезиската лига смета дека може да брани со раце на цел терен, а пак во прволигашкиот фудбал во Боливија некои мислат дека можат да им прават друштво на пеналџиите. Бесрамниот потег му успеа во продолженијата и неговиот тим успеа да стигне до бод.

Што им кажа Меси на децата од сред церемонија во Париз?

Очекувано, Лионел Меси заслужено и без ни најмала дамка ја освои наградата најдобар фудбалер на светот за минатата година која што ја доделува ФИФА. Лео лесно и убедливо победи 30 кандидати за играч на годината, а во краткиот говор на свечената сцена во Париз на своите деца кои гледаат им порача: „Им праќам бакнеж на моите деца Тиаго, Матео и Чиро, кои гледаат сега и кои ги сакам. И одете на спиење сега, ајде“.

Ни голманот на Аргентина нема направено ваква глупост

Запознајте го Теџа Паку Алам, голман од првата индонезиска лига кој брани за Персиб Бандунг. Можеби на некој ќе му треба ваков човек кој царува не само во својот шеснаесетник, туку многу повеќе.

За кого гласаа капитенот и селекторот на Македонија?

Стефан Ристовски и Боби Милевски излегоа одлични прогнозери во изборот на ФИФА за најдобрите на годината.

Голчиште на Луис Алберто за делириум на Олимпико

Лацио се изнамачи против Сампдорија во понеделничката пресметка, за домаќинот важна да остане во зоната на ЛШ, за Дејан Станковиќ нова тешка битка во борбата за опстанок. Шпанецот Луис Алберто со прекар „Il mago“ (магионичарот), ја реши токму како што му прилега на прекарот.

Парада на ѕвезди: Меси избран за најдобар играч на светот според ФИФА

Во Париз синоќа на свечена церемонија беа доделени наградите The Best-2022 кои ФИФА ги врачи на најдобрите за претходната година.

Опасен изум за пиротехника од топ во Аргентина

Во Аргентина по трибини човек може да види најстраствени навивачи на свет. Не се исклучок ни оние на Росарио Централ кој во победата со Годој Круз во 5. коло од аргентинската Примера направија пиротехничко шоу на нов начин. Со топ за огномети.

Аталанта уште има трауми од ланскиот епски слалом на Тео Ернандез

Проектилот како од катапулт е хит број 1 викендов во Серија А, ама кога сме кај Милан и Аталанта, не може да не се потсетиме на тоа што се случи минатата сезона во претпоследното коло. И тогаш нивното соочување заврши 2:0, и тогаш францускиот бек одлепи, ама уште повеќе. Незаборавно соло за кое зборуваше цела Италија. За глава се држеа на Сан Сиро.

Тој Кариус ни на загревање не е сигурен

Нема, тоа е, дечкото ќе се памети по двете кардинални грешки во големото финале на Лига на шампиони 2018 кога Реал Мадрид со 3-1 го декласираше Ливерпул. Германскиот голман Лорис Кариус е просечен чувар на мрежата кој во финалето на англискиот Куп бранеше за Њукасл против Ман. Јунајтед само затоа што првиот голман Ник Поуп беше казнет поради црвен картон, а вториот голман Мартин Дубравка беше позајмен во Јунајтед за кого веќе настапуваше во Лига Куп па сега немал право да брани.

Аргентинско бразилски танц со холандски шмек

Ќе речеш Карабао Куп, помалку вреден од ФА купот како најстаро натпреварување и неспоредлив со титула во Премиер лига, но сепак погледнете ги овие среќни лица на Лисандро Мартинез, Ентони и Тен Хаг. Како деца се радуваа на трофејот. Скоро 6 години Манчестер Јунајтед немаше освоено ништо.

Лекарот е за да те лечи, не да те крши

Дефанзивците на Олимпик Марсеј немаа шанси синоќа против Мбапе и Меси и дуел не можеа да добијат. А што да каже Данило Переира за овој неочекуван дуел?

Првиот пехар за Јунајтед после 5 години, 9 месеци и 2 дена

На 24-ти мај 2017-та година Жозе Мурињо го одведе Манчестер Јунајтед до пехар во Лига Европа откако во финале го совладаа Ајакс во шведска Солна. До неделата вечер тоа беше единствен трофеј во витрините на Јунајтед во последните 5 години. Трофејниот музеј го збогатија синоќа откако со 2-0 апсолутлно заслужено го совладаа Њукасл во големото финале на англиски Лига Куп.

Везилка со Мбапе и Меси

Килијан му наместил 29 гола на Лео, а Лео му наместил 25 гола на Килијан. Нејмар седи дома и се витка од болки, кога ги гледа како играат заедно.

Натпревар со гол од центар кој не доживеа крај

Во третата шпанска лига Сабадељ го пречекал Логроњес. Домашните на 15. место, а гостите на 18-то место. Теренот потопен цел поради обилни врнежи од дожд. Судијата и делегатите решаваат да почне. Прво полувреме се одиграло, а буквално на стартот на вториот дел со изведување од центар на терен Кристијан Ерера дава луд гол. После неколку минути судиите го прекинуваат мечот кој најверојатно ќе продолжи со истиот резултат на исто време каде сопрел.

Препишете му го ремек делово на Тео

Тео Ернандез е лев бек кој вреди злато и Милан треба да биде пресреќен што имаше можност да му го лапне на Реал за само 20 милиони евра. Игра напред, назад, не губи дуел и плус решава натпревари. Погледнете му го волејов против Аталанта, кој за жал е запишан како автогол на голманот. Има 22 погодоци откако е на Сан Сиро. Неверојатен играч.

Немања Гудељ е како претплатен на евроголови

Српскиот репрезентативец сезонава не знае да постигне нормален гол. Севиља може да состави компилација на голчишта само со него. На мечот против Осасуна кој го загубија дома со 2:3, одново испука бомба од далеку.

Гол и асистенција на Адеми против Хајдук, Рики сликаше за време на делириумот

Македонските репрезентативци направија шоу на најголемото хрватско дерби кое Динамо Загреб го доби убедливо со 4:0.

Школски пример за волејчиште и еврогол

Тсукаса Шиотани, фудбалерот на Санфресе Хирошима од Јапонија, сигурно ќе влезе во Топ3 најубави голови на сезоната во Азија. Тој го намали резултат на 1-2 во 79' од мечот со Нигата со невозможен волеј.

Нов хет-трик на Роналдо, овојпат за 25 минути

Португалскиот ветеран во саботата постигна нов неверојатен хет-трик, за само 25 минути игра од првиот дел од мечот Дамак - Ал Наср на кој неговиот тим славеше 0:3 и остана на чело на табелата во Саудиска Арабија со 43 бода пред второпласиранито Ал-Итихад. Кристијано претходно постигна четири гола против Ал Вехда месецов и стигна до 500 лигашки погодоци во кариерата.

Победа на Абердин благодарение на волејот на Миовски

Трансферот во Шкотска минатото лето му се погоди како кец на десетка. Стигна до 15 гола во првенство, а првиот на табела има четири повеќе.

Комична сцена од Лига Конференции, центарфор заборави колку пенали се извеле

Минатата недела белигски Гент загуби 1-0 од азербејџански Карабах во првиот меч од 1/16 финале на Лига Конференции. На реваншот белгискиот состав едвај ја надомести негативата откако Нигериецот Гифт Орбан постигна гол во 74' миунта за 1-0. После продолженија се отиде на пенали а таму истиот Гифт Орбан откако даде гол се затрча да слави со навивачите, несевесен дека е 4:3 и дека серијата уште трае.