Фудбал

Кој знае кој ќеиф е кога ќе ти успее ваков гол?

Обично Златан ни е асоцијација на оваа супер атракција, ама се наредија и други мангупи со ваков нетипичен кунг фу потег во фудбалот. Овој пат делото е на Рафа Перез од Сан Лоренцо. Мераци.

Хулк постигна неверојатен еврогол со ножички

Атлетико Минеиро со 3-1 го победи колумбиски Милионариос во реваншот од Копа Либертадорес и со вкупни 4-2 оди во следна рунда. Паулињо даде два гола а Хулк во 88-ма минута направи шоу. Го даде можеби најубавиот погодок во неговата богата и долга кариера.

Реал Мадрид е класа и тоа го докажа по мечот со Ливерпул

Во духот на два големи трофејни клуба, откако Реал Мадрид го доби двомечот со Ливерпул и со вкупни 6-2 оди во четвртфинале, луѓето вработени на „Сантијаго Бернабеу“ ја пуштија на разглас химната на Ливерпул You'll Never Walk Alone. Каква чест за неколку илјади навивачи на црвените и за играчите и стручниот штаб.

Елмас, Наполи и Реал Мадрид одат понатаму

Фудбалерите на Реал Мадрид и Наполи и на домашен терен ги совладаа своите ривали по триумфите на гости во Ливерпул и Франкфурт пред неколку дена и го потврдија пласманот во 1/4 финале на Лига на шампиони.

Македонско знаме на ѕидот на Марадона во Неапол

Со Диего Марадона ги освоија единствените две Скудета (1987 и 1990), со Елиф Елмас се повеќе им ближи третото. Горан Пандев таму освои два пати Куп на Италија, како и еднаш Елмас. Сегде нè има.

Осимен веќе година ипол игра со маска и даде 30 гола, во Неапол веќе стана култ

Наполи ја игра најдобрата сезона уште од времето на Марадона. Неколку години по ред тимот од југот на Италија е при самиот врв во лигата но никогаш не успеа се избори до крај за скудето. Овојпат веќе спремаат терен за големи прослави.

Поздрав од Мурињо до Вале Божинов во бугарска Добруџа

Поранешниот центарфор на Лече, Фиорентина, Јувентус, Манчестер Сити, Спортинг Лисабон, Партизан, Левски и бугарската репрезентација, од пред еден месец е член на ФК Добрич од Добруџа, бугарски второлигаш и негов матичен клуб каде ја почнал богатата кариера во 1998-ма. Жозе Мурињо му праќа специјален поздрав на Божинов кој лани играше за Септември Софија а сега ќе трча во втора лига.

Како Џулија Робертс му го скршила срцето на Пеп Гвардиола

Најдобриот тренер на денешницата, очигледно пресреќен и расположен по историскиот триумф на неговиот Манчестер Сити над Ред Бул Лајпциг од 7-0, на новинарите на прес им откри една интересна тајна..

Не порасна човеков

Одигра над 1.100 меча, постигна преку 800 гола, освои 32 трофеи и се изнервира и ја рогна топката затоа што судијата свирна фаул и му спречи контра. За ова ли му даваат 600 милиони? Во Кривогаштани не се однесуваат вака. 

Ти да видиш во африканска ЛШ како голман казни свој навивач кој се симна на терен

Актуелниот првак на Африка, Видад Казабланка му гостува и го добива 0:2 Атлетико Петролеос од Ангола. Во еден момент, навивач веројатно незадоволен од перформансот на голманот на домаќините, Хуго Маркез, му се симнува и го напаѓа. После ова искуство, нема да му текне друг пат вака да се глупира. Маркез му влезе дрско со шамари, а потоа обезбедувањето како партал го исфрли од стадион.

Што е тоа пента-трик и кој друг освен Халанд остварил таков подвиг во Лига на шампиони?

Манчестер Сити пред неколку дена не успеа да победи и одигра само 1:1 кај Ред Бул Лајпциг во Германија. Затоа на реваншот го декласираа германскиот клуб со 7:0. Им дадоа три гола во прв дел и четири во втор. Волшебна вечер имаше Ерлинг Халанд.

Како изгледаше петардата на Меси во ЛШ?

Вчерашните 5 гола на Халанд против Лајпциг се неспоредливи со оние 5 на Меси кој стана прв во историјата со ваков дострел во Лига на шампиони. Четири на Норвежанецот му се одбиени и еден од сомнителен пенал, а Меси ги дробеше Германците како сака со лобови и дриблинзи. Ги постигна против Баер Леверкузен во осминафиналето 2012-та.

И тоа бидна во Порто, Дамфрис го распиштоли Галено

Интер направи голем успех и се пласираше во 1/4 финале на Лига на шампиони каде по сè изгледа ќе има три италијански клуба што одамна не се случило. На реваншот во Порто Интер ја одбрани предноста од еден гол, а во еден момент од мечот одличниот бек Дензел Дамфрис го распиштоли крилниот напаѓач на Порто Бразилецот Галењо.

Халанд даде пет, ама ниту еден како мајсторијата на Де Брујн

Лајпциг се соочи со понижувачки пораз од 7:0 во реванш осминафиналето од Лига на шампиони. Халанд даде рекордни пет гола, еден Гундоган, а точка на мечот стави Кевин Де Брујн на велемајсторски начин во негов стил.

Историски блесок на Халанд со пет гола во ЛШ, рамо до рамо со Меси

По ремито 1:1 во Германија, Манчестер Сити го прегази Лајпциг со 7:0 во реванш осминафиналето од ЛШ. Ерлинг Халанд испука петарда во 22` 24` 47` 54` и 57` минута и стана само трет играч со пет гола на еден меч од најелитното клупско европско натпреварување. Четвртфиналист е и Интер.

Некогаш играл со Роналдо, Виери и Рекоба, а сега е ѕидар, пчелар и дрвосечач излечен од дрога

„Дневно земав по десет грама кокаин. Еднаш се исплашив. По пет дена без спиење се најдов во топла када. Се вовлеков во кревет и не бев ни сигурен дали следниот ден ќе се разбудам. Кога станав, избегав во планина и почнав со процес на детоксикација“.

Зошто Италија не ги пушта најбројните германски навивачи во Неапол?

Ајнтрахт, клубот, градот и навивачите од Франкфурт се бесни на одлуката на италијанските власти, во соработка со клубот и градот Неапол, да се забрани влез на гостински навивачи на стадионот „Диего Армандо Марадона“ на реванш мечот од 1/8 финале меѓу Наполи и Ајнтрахт во среда вечер.

А даваат ли награда за автогол на сезона?

Додека Ал Итихад и Ал Наср на Роналдо се борат за самиот врв, во средината на табелата Ал Таи и Дамак играле меѓу себе во 20-то коло од лигата на Саудиска Арабија. Гостите победиле 1-3, а еден од головите бил автогол на домашниот играч Хасан Ал-Џубаири во 74’ минута. Може да конкурира за наградата автогол на сезоната.

Во 2026-та ќе гледаме маратонски Мундијал со 104 натпревари

ФИФА се подготвува да одобри нови големи измени со кои за четири години ќе го донесе најголемото и најдолгото првенство во историјата на фудбалот. По одмори ќе се разотидеме додека дојде финалето.

Па пушти го малиот за роденден да даде гол, што си дибек

МТК Будимпешта во понеделникот во 27. коло од унгарската лига го совлада Диошѓер со 4:2. Голманот на гостите, Сенко Жомбор прими четири гола на мечот ама може да се пофали дека на полувреме одбранил два шута. И му расипа роденденски подарок на едно мало дете.

Роналдо на загревање погодил гледач, снимката хит во Арабија

На минатиот меч кој Ал Наср го загуби 1-0 против најголемиот ривал Ал Итихад кој го презеде водството на табела со 47 бода, Кристијано Роналдо пред стартот на дуелот при загревање погодил некој навивач со топка, а на видеото се гледа како летаат и папучи.

Малерозниот Калулу ја спречи победата на Милан на сама гол линија

По поразите на Интер и Рома и ремито на Лацио и Милан не успеа да победи во битката за ЛШ и одигра само 1:1 против Салернитана. Во 88 минута имаше мешаница во која сите ја видоа топката во гол, но на забавената снимка се гледа како Калулу легнат на сама гол линија, му удира топката во рака и со тоа спречува погодок за 2:1, кој ќе беше автогол на гостите.

Мартин Шкртел се забавува во осма лига со слободни удари

Легендарниот стопер на Ливерпул ја заврши кариерата лани во Спартак Трнава на 37 години. Имал ветување дека ќе се врати во клубот од детството, Хајскала Разточно кој игра во локална словачка лига. Ветено - сторено.

Тоалетите на Олд Трафорд и не се нешто за фалење

Во последното интервју како член на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо во критикувањето зборуваше и за тренинг базата на клубот каде ништо не мрднало со прст. За клуб со такво име и реноме, некако не оди вакви работи да си дозволуваат.