Колумбискиот стопер Јери Мина, кој играше кусо во Барселона, а потоа пет сезони во Евертон, од оваа сезона е член на Фиорентина. Погледнете го овој идиотски прекршок на мечот против Болоња, кој речиси никој не го практикува и по кој остана неказнет.
Релацијата меѓу Хајдук и навивачите може да се нарече феномен за нашиве простори. Таа е пример број 1 за верност и поврзаност и оваа година, која инаку што туку почна.
Селекторот Кире Лазаров и најдобрите македонски ракометари ќе бидат во фокусот на европската јавност утре (10. јануари) вечер од 18 часот. Црвено-жолтите против светскиот ракометен гигант Франција ќе го играат премиерниот меч со кој ќе се отвори Европското првенство 2024 во Германија.
Песната се вика „Gute Freunde Kann Niemand Trennen" (Никој не може да одвои добри пријатели), а снимката е од 1966-та, кога Франц имал 21 година. Се користела и како реклама за телевизиската лотарија АРД.
Шеесет и едно годишниот бразилски тренер Доривал Жуниор е нов предводник на кариоките кои се во голем резултатски пад во последно време. Се шпекулираше дека Карло Анчелоти на лето ќе ги преземе Бразилците, но од тоа нема ништо и Селесао има нов селектор.
Еден од најголемите фудбалери и спортски работници на светот, Германецот Франц Бекенбауер важеше за великан кој направи револуција во фудбалот и беше глас на разумот во други области во Германија.
Во третата рунда од ФА Купот, Лидс Јунајтед на гости со 0-3 лесно се справи со Питерброу. Два гола во победата даде Итан Ампаду, а еден Патрик Бамфорд. Неговиот погодок беше еврогол и веќе високо котира за гол на сезоната и наградата „Ференц Пушкаш“ за најубав погодок.
Легендарниот Франц Бекенбауер беше сестран играч кој почна да игра во среден ред, но се прослави како централен дефанзивец. Се смета дека ја измислил улогата на либеро. Има 112 гола за клуб и репрезентација. Внимавајте добро на велемајсторијата, која драстично се двои на првата позиција. Нема вакви голови во денешно време.
Фудбалерите на Унионистас од Саламанка кои во 16 финалето на шпанскиот Куп направија големо изненадување и го исфрлија Виљареал, во следната фаза одат на мегдан на Барса, кој е актуелен шампион на Шпанија. Погледнете ги како реагираа на ждрепката.
Во дербито на 19. коло од италијанската Серија А, Рома и Аталанта одиграа 1-1 и си поделија по бод. Во 90+4' минута од судиското продолжение, Жозе Мурињо доби директен црвен картон иако претходно веќе доби жолт во текот на мечот.
Англичаните немаат коло викендов, ама пак не мируваа и играа ФА Куп. Ливерпул го елиминираше Арсенал во 3. коло со триумф од 0:2, а играчите одлепија при една од прославите за гол. Во купот со нив се вклучи навивач, кој Нуњез го шлапаше по глава, а Конате му ја џитна капата.
Џуд Белингем има само 20 години и веќе има статус на ѕвезда во Реал Мадрид, ама има и манири, а тоа го покажа на Куп натпреварот против четвртолигашот Арандина.
Елиф Елмас се подготвува за дебито во Лајпциг кое се очекува да го има веднаш по зимската пауза во Бундеслига, а тоа е против Ајнтрахт Франкфурт на 13 јануари. Од клупскиот канал му направија мини интервју со куси прашања.
Кога овој човек беше во врвна форма, фудбалот го играше на посебен начин и беше број 1. Гледајте го внимателно клипов, како ги тероризира противниците со тоа бразилското во него, што го нема друг. Незаменлив лик без кој фудбалот е дефинитивно посиромашен. Танцуваше кога ќе примеше топка.
Пјетро има талент за фудбал, ама и проблем за да просперира. Внук е на поранешен мафијаш, еден од најопасните во Италија, а тоа до толку му прави проблем што го исфрлаат од екипа.
Бразилецот од Реал Мадрид, Родриго, објавил видео со кое се пофалил со новите заби прекриени со украсни и драгоцени камења. Цената на ваквите заби во Бразил движела од 3.000 до 140.000 бразилски реали. Овој тренд познат и како „dental grillz“ е процес на премачкување на забите со племенити метали и трае во просек од две до три недели.
Само 24 часа откако го регистрираа, 18 годишниот Витор Роке кој пристигна од Атлетико Параненсе дебитираше за Барселона. Големата бразилска надеж, кого го сметаат за наследник на Роналдо да Лима, пропушти голема прилика да се прослави веднаш со погодок.
Јувентус прв прими гол од Салернитана која поведе со 0-1 уште во првата минута по катастрофалната грешка на стоперот Гати. После тоа бјанконерите до врв ја наполнија мрежата на гостите од Југот и со 6:1 ги испратија дома. Шестиот, последниот гол на мечот беше дело на Тимоти Веа, син на легендарниот Жорж Веа кој игра за репрезентацијата на САД. Еврогол!
За наградата спонзорирана од Бадвајзер, за најубав гол на месец декември во англиската Премиер лига конкурираат: капитенот на Арсенал Норвежанецот Мартин Одегард, Аргентинецот од Ливерпул Алексис Мекалистер, како и Дани Велбек од Брајтон.
Севиља игра очајна сезона и има само 3 победи после 19 кола во Ла Лига. Синоќа дома загубија од Атлетик Билбао, а навивачите се очигледно фрустрирани бидејќи се немаат израдувано на триумф на домашен терен од септември. Навивач му дофрлаше на Рамос, а тој го прекина интервјуто и му свика дека треба да има почит према луѓето и клубот, бидејќи во моментот дава изјава.