Фудбал

Фората е да дадеш гол од 100 метри

Голманите сè почесто знаат да се претворат во голгетерски јунаци. Сезонава во ЛШ таков беше Иван Проведел од Лацио кој израмни против Атлетико Мадрид во 95-та минута. А сега пазете го овој на Куп натпревар за играчи до 20 години.

Позадината на прославата на Меси на Мундијалот во лице на Ван Гал

Документарецот на Нетфликс за Светското во Катар, објаснува еден момент од четвртфиналето меѓу Аргентина и Холандија, кој не бил случаен.

Фудбалер на Жирона ја понижи цела одбрана на Атлетико за голема победа во 91-ва минута

Прво ја победија Барселона на гости 2:4, за прв пат во историјата, а сега слават над Атлетико Мадрид 4:3, исто така за прв пат во историјата. Жирона сè повеќе наликува на Лестер 2016.

Запознајте го Итан Мбапе, брат му на Килијан со кој заигра неколку минути

Не е напаѓач, туку игра во среден ред, но за сега ги следи стапките на брат му во изборот на два клуба. Роден е 2006-та и е под договор со ПСЖ кој смета на него.

Погубна компилација за одбраната на Манчестер, непоимлива во времето на Видиќ и Фердинанд

Манчестер Јунајтед игра нова неуспешна сезона. Има 9 порази по 20 кола, на -9 од четврто место и на -15 од прво, со елиминација во ЛШ уште во групи. Мегваер и другарите од последната линија, нека го ѕирнат клипов кој во 1 минута е полн со слични или идентични голови кои ги примиле само сезонава. Дупка до дупка во одбрана.

Од каде во Селтик толку многу Јапонци и Корејци и сите се главни играчи

На 30-ти декември се одигра големото шкотско дерби меѓу Селтик и Ренџерс. Победија зелено-белите 2-1 во жесток дуел во кој стрелец беше и еден од многуте Јапонци во тимот, Киого Фурунаши. Синоќа Селтик играше пак, против Сент Мирен на гости и победи 0-3 а првиот погодок на мечот уште во 54’ секунда беше дело на Јапонецот Маеда.

Зошто во Англија има толку многу фудбалски дивизии?

Фудбалскиот клуб Нектон бил официјално најслабиот во цела Англија во 2023-та година. Овој клуб не го слушнале ни најверните кладилничари кои знаат места по фудбалски клубови подобро и од најдобрите географичари.

Нетфликс уловил глупост на Мартинез пред Мбапе да шутира пенал на финалето во Катар

На 30 декември, Нетфликс го објави документарецот за Мундијалот во Катар, направен во шест епизоди. Мислевме дека сè сме виделе од тоа аргентинската бараба, која ги спаси своите со ненормална одбрана во 123-та минута, ама овој детал го немаше во преносот.

Миовски не мирува, 2024-та ја почна со гол и асистенција

Како што ја заврши старата, така и ја почна новата година. Македонскиот центарфор не престанува да импресионира во шкотскиот фудбалски шампионат.

Нов начин на задржување време за прв пат виден во фудбалот

Сè до сега беше сведено на бавно изведување на голманот или тупење на топката покрај корнер знаменце. Овој ги надмина сите очекувања на сите луѓе во светот што пратат фудбал. Се работи за играч на англискиот петтолигаш Јорк Сити кој има 1:2 на гости и напад во 98-ма минута.

Виктор Осимен со крајно сељачки манири во дискотека

2023-та ќе остане незаборавна за Виктор Осимен, бидејќи беше еден од главните актери во освојувањето на Скудетото со Наполи и стана прв стрелец во Серија А. Тоа сè супер, ама не е за секој пари и слава. Нас ни стана непријатно после клипов.

Феноменално видео на Интер за продолжувањето на договорот на Димарко

Како треба да изгледа клип од 1 минута кога сакаш да му продолжиш договор на свое дете, ќе ви покаже Интер. Федерико Димарко, роден во Милано, од 7 години се калел во школата на нероаѕурите. Го праќаа на позајмици, но денес го живее сонот и веќе трета сезона е незаменлив по левата бековска позиција, во клубот за кој навивал од мал.

Клоп во потрага по вереничкиот прстен

Ливерпул убаво ја почна годината, ама Јирген Клоп за малку ќе го караа дома, бидејќи за време на славјето му го снема прстенот на рака, па бараше помош и од редарот, за да го бараат заедно.

Кој играше фудбал на 1 јануари?

Во Англија, на првиот ден од годината се одиграле околу 90 натпревари, од прва па сè до најниските лиги. Во Премиер лига, која не знае за одмор ниту за Нова година, а уште помалку за Божиќ, се одигра еден натпревар.

Нова анегдота на Мурињо за Балотели

Кога Марио играше за Интер беше уште позелен од сега, бидејќи имаше 18, 19 години. Жозе го викнал на состанок во канцеларија, а слепецот отишол квалификации за Формула 1 да гледа.

Колку треба да си пијан за да ти успее ова на празен гол?

На два дена пред истекот на годината, се случи промашувањето на годината. Ова е нешто посебно, бидејќи не е утка како на некои други кои знаат да го промашат само голот. За негова среќа, тимот му победи. Хадерсфилд - Мидлсброу 1:2. Царот е Исаја Џонс.

Кој го измислил црвениот картон?

Приказната датира од Мундијалот 1966 во Англија, кога германски судија требал да санкционира аргентински фудбалер, ама не знаел јазик. Инспирација биле семафорите, а тестот бил успешно завршен на следното Светско.

Само Бате Ване во ист муабет може да ги стави Хаити, цевитана и бугарското собрание

Го нема меѓу живите 10 години, ама неговите раскази ќе живеат засекогаш. Немало, нема и ќе нема лик како Ванчо Таковски - бате Ване. Претворете се во уши.

Едноставноста на големиот Марсело Бијелса

Шеесет и осум годишниот легендарен тренер, по авантурите во Лидс Јунајтед кого го внесе во Премиер лига после долги години, на 15-ти мај 2023-та стана селектор на Уругвај. И веднаш се фати за работа, и веднаш дојдоа резултати. Уругвајците се неочекувано втори на табела во квалификациите за Светско првенство 2026. Имаат 4 победи, 1 нерешена и 1 пораз. Бијелса наоѓа време во Монтевидео да посетува и помали фудбалски натпревари со цел да сними некој кандидат за репрезентација.

Па поарно да го опцуеше

Ај што ја удира со глава ко бизон, ај што промашува цел стадион, па уште и од толку места топката паѓа баш кај што не треба. Му го скрши срцето.

Навивачите на Вест Хем тераа мајтап со Деклан Рајс

Арсенал попи шамар дома од Вест Хем и ја загуби лидерската позиција на табела. Во 95-та минута, Деклан Рајс, кој премина кај градските ривали за 105 милиони фунти, направи пенал кој неговиот довчерашен клуб не го реализираше, но и без него имаа сигурен триумф од 0:2. Навивачите на Вест си правеа забава од моментот.

Еврогол на вечерта - ракета во агол

Брајтон на сјајниот Де Ѕерби со 4-2 го разби Тотенхем и му нанесе нов пораз сезонава. Домаќините во еден момент водеа со неверојатни 4-0 па гостите во финишот, во 81-ва и 85-та минута намалија на 4-2. Еквадорското лево крило Первис Еступињан постигна преубав гол за 4-0.

Страшен грабеж во домот на Џек Грилиш - украден накит од 1 милион фунти

Прославениот англиски репрезентативец кој освои Лига на шампиони и Премиер лига со Манчестер Сити, е само последна жртва на сериозен напад и грабеж во сопствениот дом.

Серхио Рамос сними спот за песна

Легендарниот капитен на Реал Мадрид и на Шпанија, Серхио Рамос сезонава игра во Севиља, неговиот матичен клуб за кој кажа дека му должи многу и дека затоа се вратил да му се оддолжи и на клубот и на навивачите. Добар е на терен, не како во старите времиња ама игра коректно и скоро даде гол. Во меѓувреме снимил и песна со шпанската позната група Los Yakis.