Фудбал

Го имаме ли голот на сезоната во Серија А?

Џенова и Монца одиграа ефикасен натпревар кој заврши 2:3, а мајсторлукот каков што би го посакал секој играч на планетава барем еднаш во кариерата, го има Дани Мота. Спектакуларна акробација за сите пари.

Барди со волеј од 20 метри го измами голманот

Три кола откако славеше против Хатајспор, капитенот на Македонија одново е стрелец за Трабзонспор кој по 75 минути игра водеше со 4:1 против Фатих Карагумрук. Барди го израмни резултат во првиот дел со волеј, ама и многу среќа.

Ваков аут не се гледа често

Дваесет и две годишниот ирански фудбалер Фардин Рабет кој игра во полскиот третолигаш Олимпија Грудзаж, фрла аут на неверојатен начин.

Меси за малку избегнал сериозна повреда

Со голови на Меси и Суарез, Интер Мајами избегнал пораз од Нешвил кој водел 2-0 во таканаречениот Куп на шампиони. А Лионел избегнал и незгодна повреда откако еден одбранбен играч на Нешвил, Лукас Мекнотон крајно несмасно се обидел да исфрли една топка и опасно го нагази Меси со цело стопало.

Само Клоп знае вака да одговори на прес

Цар број 1 за прес конференции е Јирген Клоп. Цар број 2 за прес конференции е Јирген Клоп. Цар број 3 за прес конференции е Јирген Клоп...Колку само ќе фали оваа харизма кога ќе замине летово од Ливерпул. Одиме со најновото од синоќа после мечот во Лига Европа кој го доби со 1:5 против Спарта Прага.

Какви голчишта распали Дарвин Нуњез!

Ливерпул продолжува да меле секого и секаде. Црвените играат во неверојатна форма а тоа го докажаа и на гостувањето кај Спарта Прага во првиот меч од 1/8 финале на Лига Европа каде славеа убедливо 1-5. Дарвин Нуњез постигна два неверојатни евроголови.

Бато вие на другиот гол напаѓате

Глазгов Ренџерс имаше одличен резултат од 1:2 на гоствуањето против Бенфика во ЛШ, ама сè до 68 минута кога се испостави дека дефанзивецот Конор Голдсон не е повеќе од нивна. Погледнете го царот колку само профи го изведе ова.

Обамејанг мајсторе ваков лоб не се гледа секој ден

Фаворитите растурија синоќа во Лига Европа и тоа ефикасно. Меѓу нив и Олимпик Марсеј кој со 4:0 го декласираше Виљареал во првото осминафинално соочување. Обамејанг постигна два гола и е прв стрелец сезонава во ова натпреварување со 9 комада. Потребни се добар нишан и голгетерско чувство за ваква мајсторија.

Меси распали од 20 метри, Суарез погоди во 95-та минута

Само 5 дена откако го торпедираа Орландо со 5:0, како двојни стрелци, ветераните од Аргентина и Уругвај повторно стрелаа за Интер Мајами. Во Купот на шампионите, каде играат екипи од Северна и Централна Америка и Карибите, губеа 2:0 од Нешвил, но Меси во 52-ра и Суарез во 95-та го спасија тимот од пораз.

Пандев главен комичар во автобусот на Интер

Легендите на Интер синоќа го одиграа пријателскиот меч против легенди собрани од Грузија. Се појави снимка од автобусот каде се екипираат. На менито имаше пиво и смеење за кое беше задолжен наш Горан.

Пандев настапи со легендите на Интер, Фиго на 51 година приреди атракција со фелш

Грузија имаше чест да нагости дел од незапирливата банда на Мурињо која пред 14 години ја освои историската тројна круна, како и некои постари ѕвезди од рангот на Луис Фиго. Прв меч на Гоче 11 на 11 откако е во пензија.

Сите шанси на Опенда со Реал Мадрид

Реал Мадрид искусно и рутински го елиминираше РБ Лајпциг во двомечот од 1/8 финалето од Лига на шампиони. И по признание на Карло Анчелоти, екипата одиграла слабо за што и заслужени биле свирежите од трибините по крајот од мечот. А истиот меч долго ќе го памети 24-годишниот белгиски напаѓач Луис Опенда кој имаше неколку големи шанси да го совлада Лунин и да се прослави на „Сантијаго Бернабеу“.

Кои се најдобрите 11 на сите времиња според Чет Џи-пи-ти?

Компјутерската вештачка интелигенција одговори многу искусно на прашањето од насловот и извади страшно силен состав од кој страв да те фати. Е сега секогаш, на секоја тема ќе има коментари, а дел од нив на кои налетавме се зошто го немало вистинскиот Роналдо Назаиро, наместо Георгина Роналдо, потоа Рамос, Роберто Карлос, Роналдиљо, Иниеста, Чави.

Најбрзите рекордни голови во најдобрите европски лиги

Времето е вечен сопатник на големите моменти во спортот. Скоро сите повеќе ги паметат головите во последни секунди, а ретко кој се сеќава на стрелците на рекордно најбрзите погодоци во најдобрите лиги.

Каков фудбалски трик на Ѓоковиќ

Новак Ѓоковиќ веќе неколку дена е во Калифорнија каде интензивно се спрема за силниот турнир Индијан Велс. Најдобриот светски тенисер ужива во слободно време а сега заиграл и фудбал со колегите и пријателите.

Тактичката генијалност на Симоне Инзаги

Навивачите на Интер тврдат дека дури и во најславните денови на клубот, дури и кога освоија историска триплета и царуваа во Европа и светот, не играле вака добар фудбал како под Инзаги. И во право се. Екипата е на добар пат до шампионско скудето, а добро тераат и во Лига на шампиони каде ги чека реванш со Атлетико Мадрид каде ќе бранат 1 гол предност.

Фудбал во бразилска фавела

Од овие игралишта подоцна излегуваат или врвни мајстори на фудбалот или бандити. Трето ретко.

Пречката на Дани Олмо во 91-ва по која цел Лајпциг се држеше за глава

Лајпциг одигра две многу квалитетни осминафинални битки против Реал Мадрид и малку фалеше да го изненади кралскиот клуб со елиминација. Синоќа имаа вкупно 19 удари од кои 4 во рамки на гол, а во финишот од средбата Олмо имаше зрела шанса да го одведе мечот во продолженија.

Му фали малку мозок на Винисиус а?

Винисиус Жуниор е станат тежок кавгаџија и силеџија на редова основа и за однесувањето треба да учи од ликови како Крос и Модриќ. Од злато играч за решавање натпревари се прикажува како недозреан, но и иритантен. Заспаа во ВАР, за ова се дава црвен.

Балотели ептен созреал, петарда им рокна во соблекувална

Смени 11 клубови, заигра во 5 земји, наполи 33 години и веќе 17 години како му трае сениорската кариера и пак џабе. После меч со Адана Демирспор во Турција, се однесуваше како да е на ексурзија во шесто одделение.

Елмас џентлменски му честиташе на Анчелоти

И покрај тоа што соработуваа само четири месеци во Наполи, на стартот од сезоната 2019/2020 до месец декември, Елиф Елмас по последниот свиреж веднаш му пријде на својот поранешен тренер и го испочитува со топла прегратка. Лајпциг се соочи со елиминација и одигра 1:1 на реванш осминафиналето од ЛШ кое го одигра многу машки на гостувањето против 14 кратниот европски првак.

Заврши сезоната за Елмас во ЛШ, Реал неубедливо и со многу среќа до четвртфинале

Реал Мадрид и Манчестер Сити им се придружија на Баерн и ПСЖ во топ 8 фазата од Лига на шампиони. Актуелниот шампион на Европа рутински го доби Копенхаген со ист резултат како на првиот дуел. Лајпциг одигра одлична партија на Бернабеу со 19 шутеви од кои 4 во рамки на гол, наспроти 12 со 3 на кралевите, но успеа да извлече само 1:1, недоволни за пласман понатаму. Елмас влезе во 85-та.

Вардар го изненади Работнички со необичен гол директно од корнер

Фудбалерите на Вардар стигнаа до многу важни 3 бода во борбата за опстанок. На стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари го совладаа градскиот ривал Работнички. Стрелец на единствениот гол на мечот беше Дарко Глишиќ кој со едно безопасно нафрлување од корнер, го совлада голманот Алексовски кој остана збунет.

Врвен документарец на Нетфликс за Сити

Од 2-ри април ќе биде достапен на Нетфликс најновиот документарец за историската тројна круна на Манчестер Сити кој освои Лига на шампиони, Премиер лгига и ФА Куп минатата сезона. Во документарецот ќе се видат досега необјавени архивски снимки од Сити.