Фудбал

Како изгледа трката за петто место во ЛШ и како лигите добиваат поени?

Две лиги ќе добијат дополнителни места во Лига на шампиони следната сезона како дел од проширувањето. Со моменталната состојба тоа би биле Италија и Германија. Дежурните критичари на Серија А на апарати.

Селски српски фудбал од близу

„За кого навивате вие? И за едните и за другите, битно да се истепаат“, вели еден од „навивачите“ кој се појавил на ливадата со две цели: семки и сеир.

Луѓе, оваа Жирона изгледа не се зафркава

Во последниот натпревар од 17. коло на шпанска Ла Лига, Жирона го растури Алавес со 3:0 со два гола на сјајниот Украинец Довбик и повторно се врати на чело на табелата, пред Реал Мадрид.

Тројца голмани не ја бранат бомбава на Муриел

Последнопласираната Салернитана поведе против Аталанта на гости, ама само ја налути и во второ прими 4 комада. Најјако беше израмнувањето на искусниот Колумбиец Луис Муриел, кој дупка ќе направеше во мрежата.

Пепе кромидарник беше, кромидарник остана

Агресивен, валкан, насилен со неспортско однесување и со намера секогаш да удира, клоца и да подели некој бокс. Тоа е од прилика статусот на Пепе со кој се стекна во кариерата. Синоќа доби заслужен црвен на дербито против Спортинг кое Порто го загуби со 2:0. 40 години начука во газот и кој што прави, тој само црвени картони добива. Во Битола би го викале Пепе Црвенио.

Абе каков Занети, кој сакаш биди, покажи прво акредитација

Аргентинскиот фудбалски ас беше на ждрепката за ЛШ во улога на потпретседател на Интер, ама доцнеше на настанот и плус не ја носеше акредитацијата, па си направи проблем на врата и едвај го пуштија.

Компилација од Мундијалот 2022 само со Меси

Тргна неубедливо и незабележително, но даде гас кога најмногу требаше и го исполни својот сон, како и на сите Аргентинци. Бајката се случи на денешен ден пред точно една година.

Интересни парови се паднаа и во Лига Конференции

Во Лига на шампиони фаворитите добија полесни противници, во Лига Европа Милан, Рома и останатите повластени ќе мора да се борат против многу незгодни ривали, а во Лига Конференции попладнево во Нион исто се паднаа супер интересни парови.

За македонска трета лига ова мислевме дека се недостижни сцени

Налетавме на интересен статус на ФК Коњаре кои споделија видео од последното гостување против Башкими, инаку третолигаши од околината на Скопје. И двете екипи се воодушевени од атмосферата и со право, бидејќи ваква посетеност нема на многу прволигашки натпревари. Па уште и бели ленти има, како во Јужна Америка.

Како Копенхаген ќе се обиде да ги спречи тоа осите на Сити?

Копенхаген за втор пат во историјата ќе игра осминафинале во ЛШ. Ги паметиме и од третото квалификациско коло против Вардар пред шест години. Загубија 1:0 на Градски, ама на реваншот победија 4:1. Вака од прилика треба да им биде тактиката против актуелниот европски првак, инаку немаат шанси.

Лига Европа: Рома пак против стар познаник, Милан оди во Франција

Во европската куќа на фудбалот (УЕФА) во Нион попладнево после жрепка за елитната Лига на шампиони, се влечеше и жрепка за второто по ранг натпреварување - Лига Европа. Се извлекоа парови за бараж/плејоф и победниците ќе играат против тимови кои веќе се во осминафинале поради подобар пласман во групната фаза.

Елмас со Наполи ја доби Барселона во осминафинале

Европскиот првак Манчестер Сити ќе игра со најлесниот можен противник во нокаут фазата од ЛШ, за разлика од финалистот Интер.

ФИФА направи кармакаша од Светското клупско првенство

ФИФА продолжува да прави циркус од светскиот фудбал па така сега „го модернизираше“ Светското клупско првенство на кое од 2025-та ќе играат 32 екипи, ќе се игра во САД од 15-ти јуни до 13-ти јули, период обично предвиден за одмор на фудбалерите од напорната сезона.

Една година од епското финале во Катар

Како вчера да беше, првиот Мундијал кој го следевме со туршија и чварки, кој заврши ден пред Св.Никола. Атипичен тајминг за Светско со страшно финале кое не се заборава. Меси vs Мбапе. Меч за аналите.

Сите зборуваат за чудото Болоња и изненадувањето Тиаго Мота

Болоња ја совлада Рома на Жозе Мурињо со 2:0 и стигна до зона во Лига на шампиони, место кое со децении не го виделе ни од близу. Во Серија А разочара Лацио кој е во долниот дел од табелата како и Аталанта, а во топ на врвот ги нема Рома и Наполи.

Што сакаше да направиш бе пријателе?

Стивен Бергхуис од Ајакс е еден од ретките фудбалери со ваква одлука сам на празен гол. Секој друг овде би ја забил на прва, а тој зема непотребно да ја штопува. Гафот го направи при водство на Ајакс од 2:1, по што Цволе успеа да израмни. За глава се држеше кога сфати каква глупост направи.

Пасот на Модриќ до Белингем е уметност

Се вратија насмевките кај Лука Модриќ, кој по промашувањето на пеналот во ЛШ, овој пат против Виљареал првотимската шанса ја искористи со гол и асистенција. Кралевите славеја 4:1. Погледнете го Хрватот каква топка му сервираше на младиот Белингем.

Дај јас да си каснам благо, вие фрлајте колку сакате

Фудбалерите на Бохум со 3-0 го совладаа Унион Берлин, а овој меч како и другите од Бундеслига го одбележија навивачите кои до 12-та минута ги бојкотираа натпреварите поради контроверзната одлука на германската фудбалска федерација да изгласа правило со кое се овозможува странски спонзори за истата.

Какво деби на младиот Симиќ за Милан

Осумнаесет годишниот Жан-Карло Симиќ денес дебитираше за Милан и на дебито постигна гол веднаш откако влезе во игра со што влезе во книгата на дебитанти-стрелци за росонерите.

Најоткачената изјава на Раде

Супер е Раде за гостин. Прво затоа што зборува отворено, второ затоа што критикува издржано и трето затоа што е смешен, тоест на моменти духовит. Потребни се вакви ликови за да ја разбијат онаа стерилност кај експертите кога прават анализи.

За малку тепачка на ревијален меч меѓу Милан и Сао Паоло

Дида, Костакурта, Панучи, Емерсон, Броки, Карбоне, Сержињо, Сидорф за Милан против Саоло Паоло со Кафу, Жуниор, Кака, Палиња...Бразилците го добија ревијалниот меч со 4:1, а нетипично за вакви дуели имаше и мала тензија откако Сидорф се изнервира поради стартот на Бразилецот Жосуе кој му влезе со две нозе.

Брилијантна асистенција на Осимен кој ја понижи цела одбрана

Наполи го совлада Каљари со 2:1 и се врати на четвртата позиција. Сите зборуваат за лудата минијатура на Виктор Осимен, кој се справи со гостинската одбрана на мајсторски начин, а потоа му ја даде на тацна на Кварацхелија. Елмас не настапи поради повреда.

Сите 38 гола на Михајловиќ во Серија А

1 за Рома, 12 за Сампдорија, 20 за Лацио и 5 за Интер. Вкупно 38 гола од кои 28 му се од слободен удар, бројка со која сè уште е рекордер во Серија А, недостижна за цела плејада на мајстори кои гаѓаа слободни удари како Марадона, Пирло, Дел Пјеро...Замина на денешен ден пред точно една година. Незаборавно легендиште.