Фудбал

Страшен еврогол на Трајковски, директно од корнер

Хајдук славеше 5:2 над МОЛ Фехервар во пријателски натпревар одигран во Умаг. Александар Трајковски влезе во второ полувреме и изненади со неодбранлив лоб од корнер, а Никола Серафимов беше стартер за гостинскиот тим.

Каков податок за Јувентус

Со хет-трик на сјајниот Полјак Аркадиуш Милик и еден на младиот бисер Кенан Јилдиз, Јувентус со 4-0 го декласираше Фрозиноне во Купот на Италија и се пласираше во полуфинале од ова натпреварување каде ќе ги чека Лацио. Бјанконерите, пазете ова, во една недела на три меча дале повеќе голови (12) отколку за два месеци претходно. Во ноември и декември постигнале 11 погодоци.

Во Ријад во 10 минута се скандираше за Меси

Барселона ја совлада Осасуна со 2:0 и закажа Ел Класико во финалето од шпанскиот Супер Куп. Мечот го решија Левандовски и 16 годишниот Ламин Јамал, кој постигна втор гол за Барса после деби погодокот во октомври.

15 години од невиденото ремек дело на подзаборавениот Јохан Гуркуф

Со талентот кој го имаше, стилот на игра и техничките способности, го споредуваа со Зинедин Зидан, но неговиот потенцијал не излезе целосно на површина. Кариерата ја мина во Франција, со исклучок на двете сезони во Милан со кој ја освои европската титула во 2007-ма. Гуркуф е автор на гол за Бордо против ПСЖ, прогласен за број 1 таа сезона од страна на навивачите. Не се гледа секој ден вакво нешто. Генијално.

Откачената асистенција на Теодосиќ која ја искоментира Дончиќ

„Не бев уште роден кога почна да ги прави овие додавања“, напиша Лука Дончиќ за лудиот пас на српскиот ветеран, на кој оние 36 години му се само бројка. Инаку Црвена Ѕвезда го доби Милано на гости во Евролигата со 76:62.

Рудигер го штипеше Мората за брадавица

Само еден ден откако му се чудевме на паметот на Колумбиецот Јери Мина, уште еден фудбалер се истакна на сличен идиотски начин, а тоа е Антонио Рудигер на синоќешното полуфинале во шпанскиот Супер Куп меѓу Реал и Атлетико.

Анегдота на Малдини за Галијани

„Во 2003-та година на недела дена пред полуфинале со Интер во Лига на шампиони го скршив носот. После операција отворам очи и чекав да ја видам жена ми. Кога пред мене стои Галијани со прашање: „Ќе играш нели?“

Милан елиминиран во Куп со смешен пенал

Милан ја загуби четвртфиналната битка во Купот на Италија од Аталанта со 1:2 и покрај тоа што поведе со голот на Леао. Двата гола за гостите ги постигна Теун Купмајнерс, вториот од пенал, кој изгледа на непостоечки. Но не е само тој момент спорен. Судијата синоќа по сè изгледа ги измешал брзините со пеналите.

Срамни сцени во Ријад, свирежи на минута молк за Франц Бекенбауер

Полуфиналето од шпанскиот Супер Куп играно во Ријад меѓу Реал Мадрид и Атлетико Мадрид кое го добија „кралевите“ 5:3 после продолженијата, започна со срамни сцени откако на минута молк во чест на починатата легенда Франц Бекенбауер се слушаа многу свирежи од трибините на стадионот каде со Ал Наср игра Кристијано Роналдо.

Мега шоу меѓу Реал Мадрид и Атлетико Мадрид во Ријад

Шпанскиот Супер Куп веќе неколку години по ред се игра во Садуиска Арабија и се игра турнирски со полуфинале и финале. Овојпат дамка фрлија гледачите во Ријад кој пред почетокот на дербито ја исвиркуваа минутата молк за починатата легенда Франц Бекенбауер.

Кога не оди, не оди, па тоа ти е

Меч од Копа Либертадорес во Колумбија, домаќинот Атлетико Насионал има 100% шанса за гол, ама сè тргнува накриво. Па дури и покрај аут линијата.

Безобразен потег на Јери Мина

Колумбискиот стопер Јери Мина, кој играше кусо во Барселона, а потоа пет сезони во Евертон, од оваа сезона е член на Фиорентина. Погледнете го овој идиотски прекршок на мечот против Болоња, кој речиси никој не го практикува и по кој остана неказнет.

Навивачите на Хајдук за 9 дена му помогнале на клубот со скоро 700.000 евра

Релацијата меѓу Хајдук и навивачите може да се нарече феномен за нашиве простори. Таа е пример број 1 за верност и поврзаност и оваа година, која инаку што туку почна.

Македонија утре ќе отвора Европско ракометно првенство на фудбалски стадион

Селекторот Кире Лазаров и најдобрите македонски ракометари ќе бидат во фокусот на европската јавност утре (10. јануари) вечер од 18 часот. Црвено-жолтите против светскиот ракометен гигант Франција ќе го играат премиерниот меч со кој ќе се отвори Европското првенство 2024 во Германија.

Бекенбауер знаел и да пее

Песната се вика „Gute Freunde Kann Niemand Trennen" (Никој не може да одвои добри пријатели), а снимката е од 1966-та, кога Франц имал 21 година. Се користела и како реклама за телевизиската лотарија АРД.

Бразил има нов селектор

Шеесет и едно годишниот бразилски тренер Доривал Жуниор е нов предводник на кариоките кои се во голем резултатски пад во последно време. Се шпекулираше дека Карло Анчелоти на лето ќе ги преземе Бразилците, но од тоа нема ништо и Селесао има нов селектор.

За величината на Кајзер Франц Бекенбауер

Еден од најголемите фудбалери и спортски работници на светот, Германецот Франц Бекенбауер важеше за великан кој направи револуција во фудбалот и беше глас на разумот во други области во Германија.

Каква чудесија од гол падна во ФА куп

Во третата рунда од ФА Купот, Лидс Јунајтед на гости со 0-3 лесно се справи со Питерброу. Два гола во победата даде Итан Ампаду, а еден Патрик Бамфорд. Неговиот погодок беше еврогол и веќе високо котира за гол на сезоната и наградата „Ференц Пушкаш“ за најубав погодок.

Топ 5 гола на Бекенбауер во Бундеслигата

Легендарниот Франц Бекенбауер беше сестран играч кој почна да игра во среден ред, но се прослави како централен дефанзивец. Се смета дека ја измислил улогата на либеро. Има 112 гола за клуб и репрезентација. Внимавајте добро на велемајсторијата, која драстично се двои на првата позиција. Нема вакви голови во денешно време.

На третолигаш му се падна Барселона, се радуваа ко титула да освоиле

Фудбалерите на Унионистас од Саламанка кои во 16 финалето на шпанскиот Куп направија големо изненадување и го исфрлија Виљареал, во следната фаза одат на мегдан на Барса, кој е актуелен шампион на Шпанија. Погледнете ги како реагираа на ждрепката.

Почина Франц Бекенбауер

Се работи за симбол на Баерн Минхен и германската репрезентација, кој одбележа една ера во германскиот фудбал.

Непоправливиот Жозе Мурињо повторно исклучен

Во дербито на 19. коло од италијанската Серија А, Рома и Аталанта одиграа 1-1 и си поделија по бод. Во 90+4' минута од судиското продолжение, Жозе Мурињо доби директен црвен картон иако претходно веќе доби жолт во текот на мечот.