Само 120 секудни го делеа Атлетико Мадрид од титулата, но Рамос израмни во 93-та минута, а по продолженијата Реал Мадрид славеше со 4:1 и ја освои својата десетта европска титула.
Финалистите во најелитното клупско европско натпреварување патуваа осум месеци и одиграа по 12 натпревари за да го заверат најпосакуваниот билет. Ова ќе биде прва мадридска пресметка во завршницата, 13-то финале за фудбалерите на Реал Мадрид и само второ за Атлетико.
Казорла, Ледесма, Мартинс, Ди Натале, Санчез, Ван Перси... се дел од мајсторите кои изминатава недела се истакнаа со своите ремек-дела и заслужија место на листата од десетте најдобри голови на неделата.
Лигата на шампионите не е џабе кажано дека е најелитно и највозбудливо клупско европско натпреварување. Ќе ви ги вратиме спомените во 90-те кога финалињата ги красеа јунаците Савичевиќ, Бобан, Куман, Шерингам, Солскјер, Клајверт, Југовиќ...
Анчелоти и Симеоне како играчи ги командуваа средните редови на големи градски непријатели, а судбината сакаше фудбалското ривалство да ги спротистави и во финалето од Лигата на шампиони.
За нешто повеќе од 24 часа „Кралевите“ ќе го играат еден од најважните мечеви во својата историја, финалето од ЛШ. Најпосакуваниот трофеј го бркаат веќе 12 години, а за предводник до јубилејната 10-та го имаат најдобриот играч на светот.
Германскиот вице-шампион Борусија Дортмунд сними видео во кое ги изруга неонацистите и испрати порака до навивачите дека нацистите не се вклопуваат во фудбалот.
Прво правило за секое машко при одбирање на термин за свадба е да се избегне саботата кога се игра финалето од Лигата на шампиони. Но има и такви папучари кои подлегнуваат под притисокот на невестата или едноставно го забораваат правилото и не го проверуваат календарот. Го имаме решението за „жртвите“ меѓу гостите.
Ако случајно финалето од Лигата на шампиони треба да биде одлучено со изведување на пенали, стишете го звукот од телевизорот за да не го слушнете она коментаторско клише „пенал рулет" или „пенал лотарија".
Во кошарката 0,1 секунди не се загубено време за нови поени. Тоа ќе ви го докаже Ник Колинс од Оклахома на конференциското НБА финале против Сан Антонио.
Сезонава репер за слободни удари ни беше Пирло, но овој на играчот на Манчестер Јунајтед кој настапува како позајмен во Пакош Фереира се разликува од неговите. Низок и навежбан технички удар кој е најнезгоден за бранење.
Клас Ингенсон е жива легенда, но не затоа што има голем број на успеси и титули, туку затоа што е тренер во последните пет години. Болеста му го попречи движењето и тренинзите мора да ги води од инвалидска количка, но тоа не го спречи викендов да го освои Купот на Шведска.
Во животот на Томас Шаф до вчера постоеше само еден клуб - Вердер Бремен. По повеќе од четири декади поминати во Бремен, легендарниот Шаф реши да ги смени боите и е назначен за нов тренер на Ајнтрахт Франкфурт.
Ако гледаме според името, тогаш Луи ван Гал ќе има добра иднина во Манчестер Јунајтед. Тоа има успеа на сите негови сонародници кои го носеа дресот на Манчестер Јунајтед и имаа „ВАН" во своето име.
Истиот рецепт за успех не го користат сите прваци во своите земји. Тимот што има повеќе офанзивни играчи е опасен од позадина, а во шеснаесетникот има само еден напаѓач. Ретки се тие како ПСЖ кои уште од првата минута фрлаат се на една карта.
Доби признание за најдобар играч и најдобар стрелец во Премиер лигата, а според тазе анализата на Bloomberg со индекс од 86,2 тој е најдобар оваа сезона и во Европа. Во неговата богата колекција на голови оваа сезона, му недостига оваа извонредна бомба која го тера човек да ја помести стативата некој сантиметар.
Запознајте го Алехандре Толедо, поранешен бразилски фудбалер кој во 1996-та година ја загубил едната нога во сообраќајна несреќа, но тоа не го спречило да игра фудбал.
Бразилците се рекордери по освоени Светски првенства со вкупно 5 трофеи, а доколку годинава не успеат на домашен терен да освојат уште еден, може да си купат кај Јарбас.
И со него и без него Манчестер Јунајтед не мрдна погоре од седмото место и по долги години нема да го гледаме на ниту едно европско натпреварување. Тренерските промени не носат резултати и во многу други вакви случаи.
Отсекогаш сме се воодушевувале кога некоја екипа ќе успее да направи голем „камбек" или кога некоја екипа резултатски ќе се врати со играч помалку, а посебно се воодушевуваме на голови од голман во последна минута. А што ако сето ова се случи на еден натпревар?
На 22 денови пред почетокот на Мундијалот во Бразил, пишуваме за 22 натпревари на Светските првенства кои беа решени по изведување на пенали. Два од овие натпревари беа финалиња.