Фудбал

Лудата одбрана на Де Хеа - најдобра на цело коло во Серија А

Јувентус и Фиорентина одиграа 2-2 во дербито на колото во  18. коло на Серија А. Ова е дури 11-то реми за бјанконерите сезонава. Голманот на Фиорентина Давид Де Хеа кој од коло во коло покажува дека е меѓу најдобрите голмани во Серија А, синоќа направи чудесна одбрана по шутот на Душан Влаховиќ кој остана во неверување.

Фонсека од кола соопшти дека повеќе не е тренер на Милан

Милан и Рома одиграа 1:1, натпревар по кој веднаш е отпуштен Пауло Фонсека, кој очигледно не ги оправдал очекувањата. Португалскиот стратег им потврди на новинарите дека заминува. „Да, зборував со раководството, не сум повеќе дел од Милан. Тоа е, свесен сум и смирен дека направив сè што можев“. Милан е осми на табела со 27 бода и натпревар помалку.

На крај да не испадне дека Роналдо има штипски корени?

Легендарниот Драгослав Шекуларац, роден во Штип 1937-ма, има играно во Србија, Германија, САД, Колумбија, Франција и Канада. Барем така стои на Википедија. Не е лошо да се истражи и ова:

ВАР комедија во Серија А, коментаторот фати да се смее

Парма ја совлада Монца со 2:1 со гол во 98 минута. На 15 минути до крајот на мечот настана конфузија пред голот на гостите. Судијата досуди пенал, а кога Адријан Бенедичак тргна да го изведува, судијата се пишмани и отиде да гледа забавена снимка. Свирежот уствари не беше знак за изведување на ударот, туку за ВАР. Циркузи.

Пандев: Кога се повлеков од репрезентација Мурињо ми плачеше на телефон

Бобан Николов пред 3 и кусур години во подкастот на Лазаров откри јака случка од атобусот со кој се враќале во хотел по последниот меч на Пандев против Холандија на ЕП 2020. Ја потврди и самиот Пандев. Жозе му се јавил, плачел, па му спуштил. Каков респект кон нашата легенда.

Првата кола на Пандев и Стојков во Италија кои пешки оделе на тренинг

Горан Пандев и Ацо Стојков во 2001-ва година станаа дел од Интер Примавера, откако беа забележани од скаути за време на турнирот во Вијареџо, каде ги однесе бате Ване со тимот на Беласица. Следната сезона 2002/2003 заминаа на калење во третолигашот Специја. Гоче има пикантерии за раскажување од тоа време, кога имале 19 години и немало како да одат на тренинг.

Опасни ретро фотографии на денот

Налетавме на 10 славни фудбалски имиња, кои треба да ги знаете и од сон ако ве станат. Тука се многу помлади и во бои кои можеби ќе ве збунат.

Манчестер Јунајтед за една недела прими 2 гола од корнер

Манчестер Јунајтед го забележа и третиот пораз по ред, на втор натпревар по ред не даде ни гол а еден погодок во поразот 2:0 од Вулверхемптон примија од корнер. Пред една недела Турчинот Алтај Бајиндир прими гол директно од корнер на мечот со Тотенхем (4:3) во Карабао Купот.

За циркус се добива црвен картон

Вотфорд со 2-1 го победи Портсмут со гол постигнат во 90+5' минута од судиско продолжение. Еден Африканец роден во Германија, Квадво Баа од Вотфорд го играше танцот познат како L танц од познатата видео игра Фортнајт. И тоа на крај пред гостинските навивачи кои зовреа од нервоза па фудбалерите на Портсмут му се сипаа на Баа кој доби и црвен картон.

Контрата на Фулам за менување историја стара 45 години

Челси кој неочекувано е втор на табела во Премиер лига со 35 бода, 7 помалку од лидерот Ливерпул кој има и натпревар помалку, синоќа го претрпе првиот пораз на домашен терен од градскиот ривал Фулам после цели 45 години! Челси водеше од 16' минута со голот на Кол Палмер, но Фулам во 82-ра израмни преку Хари Вилсон а во 90+5' направи огромен пресврт и историја преку Родриго Муниз.

10 годишно дете ги обврза браќата Белингем на договор за второлигаш

Малиот ќе биде мангуп број 1, ако за 10 години се случи малку веројатниот, но сепак возможен трансфер.

17 годишен клинец од Хрватска го има голот на сезоната во Белгија

Што талентирани деца излегоа од 2000-та па наваму, да не може да ги пофати човек. Внимавајте добро на Лука Вушковиќ, генерација 2007-ма, излезен од школата на Хајдук и член на Хрватска У-21. Позајмен е во Вестерло, а синоќа на Клуб Бриж му даде лудорија од гол. И тоа централен бек е.

Расположението на Пеп на последниот прес

Од 30 октомври до денес, Манчестер Сити е во ужасно лоша серија од 9 порази, 3 нерешени и само една победа. На седмо место клизнаа и имаат заостанување од 14 бода зад лидерот Ливерпул. За Боксинг деј одиграа 1:1 против Евертон, а Халанд не реализираше пенал. Погледнете на што личеше Гвардиола на пресот после мечот и колку Фил Фоден беше очаен во обид да спречи контра.

Неверојатните бројки на Мохамед Салах

Навивачите на Ливерпул веќе во целост заборавија на Јирген Клоп. Со Арне Слот екипата игра подеднакво добро ако не и уште подобро. Синоќа црвените после пресврт го совладаа Лестер 3-1 во густа магла на „Енфилд Роуд“. Салах го даде третиот гол со што уше повеќе ја подобри статистиката.

Оди земи му ја на Морган Роџерс

Фудбалерот на Астон Вила и повремен англиски репрезентативец, 22-годишниот шпиц Морган Роџерс има пазарна вредност од 40 милиони евра. Тој сезонава на 18 меча во Премиер лига за Вила даде 5 гола со 3 асистенции. Синоќа на дуелот со Њукасл на гости каде изгубија 3:0 покажа како најправилно се гради топка.

Голчиштето број 1 на Боксинг деј падна во трета лига

Циркуз Адриа се резултатите од Боксинг дел.  Манчестер Јунајтед загуби од Вулверхемтон, Челси од Фулам, Тотенхем од Нотингем Форест, а Манчестер Сити ремизираше со Евертон. Најјак гол? Е тоа во Лига 1. Дечките на Рексам си поиграа без да тапне и славеа против Блекпул со 2:1. Убавина од погодок.

Онана пак се јави, овој пат прими гол од корнер

Нов разочарувачки резултат за Манчестер Јунајтед кој губи три натпревари во низа, овој пат од Вулверхемптон со 2:0. Онана прими гол од корнер, Бруно Фернандеш доби црвен. Никогаш немале полоша позиција на Боксинг деј. 14-ти се на табела со 22 бода, освоени во 18 кола.

Што е со детево бе?

Добро, има нешто што не може да го направи со топка? И со таквото успеа да ја врати. На кој ви личи?

Најспектакуларниот старт на мадридското дерби со Роналдо дe Лима

Годината е 2003, последна во кариерата за Иван Заморано, препознатлив по одличните партии во Реал Мадрид и Интер. Се пензионираше во родната земја Чиле, во Коло Коло, но беше гостин на Бернабеу, каде доби дрес и аплаузи. 14 секунди од првиот свиреж на дербито, на сцена стапува Роналдо.

Атлетико Мадрид се надмина себеси со неверојатно видео

Мадридскиот фудбалски клуб е лидер по прекрасните празнични видеа кои ги смислуваат од година во година. Овојпат на тема „Верноста е одлука на душата“ снимија нешто сјајно и срцепарателно во исто време.

Гримасата на Пикфорд пред да му го фати пеналот на Халанд

Манчестер Сити продолжува да се мачи и на Боксинг деј и на полувреме против Евертон имаше само 1:1. Халанд во 53 минута не успеа да реализира пенал, бидејќи се соочи со човекот кој е познат по тоа што анализата за тоа кој и каде ги изведува пеналите, ја запишува на шишето. Него што е со гримасиве?

Најчуваниот судија на сезоната

Во баражот за опстанок и пласман во најдобрата боливиска лига се играат два натпревари. Првиот натпревар меѓу прволигашот Ројал Пари и второлигашот Реал Оруро домашните го добиле 4-0. На реваншот второлигашот прави чудо и до 38-ма минута води 3-0. На 10 минути пред крајот главниот судија свири пенал за домаќинот кој на тој начин можел да ја стигне огромната негатива и да направи голема сензација до крајот. Во тој момент главниот тренер на Ројал Пари влетал во терен да протестира и настанал хаос. Полиција едвај ги извадила судиите.

Дедо на сезоната

На еден дедо, инаку голем навивач на Атлетико Мадрид за Божиќните празници му носат прекрасен подарок. Кога ќе го види ќе го стигнат емоции.

Му дале на Онана да витка подароци

На „Олд Трафорд“ се сетиле во спремањето новогодишни подароци да учествуваат и играчите. Меѓу нив и тој, голманот Андре Онана.