Знаете ли друг македонски играч кој и дал два гола на Шпанија? Актуелен европски, а следната година и светски првак. 12 август 2009. Throwback што не се заборава.
Алехандро Балде е фантастичен лев бек кој има 21 година и игра за Барселона и репрезентацијата на Шпанија. Неговите се мигранти од Доминиканска Република (мајка му) и Гвинеја (татко му), а тој е роден во Барселона. Сега се решава за прекрасен гест од животно значење за родниот град на неговиот татко во Гвинеја. Донирал сериозна сума за изградба на ново, модерно школо и за нов водовод.
Во 19. коло од бразилската Серија А, Хувентуде со 2-1 го совлада Коринтијанс, ама голот кој го постигна гостинскиот играч Матеузињо во 90' минута беше право ремек-дело. Во стилот на најголемите мајстори за слободни удари.
Се вика Дариа Бондар, украинска новинарка, генерација 2001-ва. 14 години постариот Туран, кој од мај месец е тренер на Шахтјор, секаде гледа, само не во нејзе.
Видеото е кога беше дел од управата на Јувентус. Многумина му се смејат на социјалните мрежи, а еден се двои со логично прашање? Зошто Павел Недвед не може да се забавува? Прво стои на нозе, а второ не вози кола.
Човекот кој некогаш стоеше на најголемите фудбалски сцени, е еден од ретките славни ликови, кој успеа еден дел од својот живот да го мине во целосна тишина.
Утрехт ја отвори сезоната во холандската лига Ередивизија со убедлива победа од 4-0 над Хераклес. Пред натпреварот еден параглајдер од тимот на Ред Бул ја спуштил топката на самиот центар на игралиште.
Фудбалерите на Сутјеска до Никшиќ со 0-1 го совладаа ривалот Будуќност на гости во Подгорица. Единствениот погодок беше автогол на Недељко Пишчевиќ во 62' минута.
Лугано го совлада Базел со 3:1 во 3. коло од швајцарското првенство. Алиоски влезе во 56 минута, а голот на мечот и колото го постигнаа гостите преку Албиан Ајети. Направи јак „Ибра потег“, после многу среќна и случајна асистенција.
Во отсуство на Меси кој закрепнува од повреда, Луис Суарез пробува да го води Интер Мајами ама слабо им оди. Во МЛС лига синоќа Орландо Сити ги развали со 4-1. Суарез одигра слаб меч ама имаше супер обид точно од пола терен.
На дуел од трета унгарска лига меѓу МТК ИЛ и Пенѕуѓер фудбалер на гостите од фер-плеј ја враќа топката од аут накај голман за да продолжи натпреварот после прекин. Ама голманот прима гол и судијата го признава.
Турците ја стартуваа новата сезона. Највисокиот триумф го забележа Коњаспор на гости против Ејуп од 1:4. Енис Барди дебитираше со гол од пенал. Душмански го изведе.
Барселона го декласираше Комо со 5:0 во купот „Жоан Гампер“, пријателски турнир кој се игра секоја година од 1966-та во чест на легендарниот претседател и основач на Барселона, Жоан Гампер. По два гола дадоа Фермин Лопез и Ламин Јамал и еден Рафиња. Маркус Рашфорд имаше необјасниво промашување на неговиот прв настап пред навивачите на Барса.
19-годишниот крилен напаѓач кој летово од Работнички премина во градскиот ривал Вардар, имаше деби од соништата за црвено-црните. На дербито против Пелистер во петокот вечер Димитар Данев постигна два прекрасни гола, по еден во двата дела. Убав погодок даде и Бразилецот Мато.
На дуелот Круз Азул од Мексико и Колорадо од САД кој завршил 2-2, домашниот играч Валтер Дита постигнал чуден гол кој подоцна официјалните лица му го препишале како автогол на Вејн Фредрик во 43' минута. Мексиканците на крај победиле 5-4 на пенали и одат во четвртфинале на Лига Купот за Централна и Северна Америка.
Моизес Каиседо, Марк Кукуреља, Роберт Санчез и Жоао Педро се само некои од играчите за кои Челси на Брајтон му плати стотици милиони фунти. Еден постар новинар го прашува извршниот директор на „галебите“ Пол Барбер зошто ги продаваат најдобрите играчи и тоа само во Челси.
Саудискиот Ал Наср се наоѓа на подготовки во Европа каде игра пријателски средби. Синоќа изненадно и неочекувано со 4-0 го торпедираше Рио Аве, клуб од татковината на Кристијано Роналдо кој постигна хет-трик. Мечот се играше во Португалија.
На првиот натпревар од 3. квалификациско коло за Лига на шампиони меѓу Каират од Казахстан и Слован Братислава од Словачка, домаќините добиле пенал во 90' минута при резултат 0-0. Топката на бела точка ја наместил малиот 16-годишен Дастан Сатпаев кој ладнокрвно го совлада голманот на Словаците за победа од 1-0 пред реваншот.
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на својата страница се пофали дека е промовиран ВАР системот кој за првпат во историјата ќе се употребува во мак-фудбалот, во новата сезона во Прва македонска фудбалска лига (ПМФЛ).
Кореецот беше симбол на Тотенхем. Играше 10 години за Спарс, запиша 454 натпревари, постигна 127 гола и освои пехар во Лига Европа. Решил дека сака да се проба и на друго место, па оди на 32 години во САД каде потпиша со Лос Анџелес. Им се обрати на навивачите на Тотенхем за збогум.
Во дербито на вечерта во 3. квалификациско коло за Лига на шампиони, Феенорд со гол во судиско продолжение го совлада Фенербахче 2-1. Жозе Мурињо имаше поволен резултат до последните секунди од средбата. Сега го чека реванш во Истанбул. После дуелот, на прес-конференција бркаше муви.