Мамиќ да не се занимаваше со фудбал ќе беше голтар

Кралот на трансферите доби едномесечен притвор заедно со брат му. Тие не успеале да се ослободат со кауција поради сомневање дека може да влијаат кај сведоците. Еден од нив е и Лука Модриќ чиј трансфер е сомнителен.

Браќата Мамиќ се во притвор поради сомневање дека од касата на Динамо Загреб в џеб од трансфери ставиле 90 милиони куни (12 милиони евра). УСКОК побара за тоа да сведочат 40 сведоци, а судот одобри 20. Меѓу нив ќе има и фудбалери како Лука Модриќ и Дејан Ловрен.

Да не беше нивниот бизнис во Динамо Загреб тие кој знае на кое дереџе ќе беа сега. Во последниве десет години основале преку десет фирми од кои повеќето за градежништво, но сите им работеле во минус. Во дел од нив како директори и основачи фигурираат членови од нивното семејство.

Имотот на браќата Мамиќ:

Вила на Здравко Мамиќ во населбата Тушканац во Загреб

Вила на двајцата браќа во населбата Сесвете во Загреб

Вила на Зоран Мамиќ на местото Маркушевечка Дубрава во Загреб.

Станови на роднините на Мамиќ

Фирмите:

КФ проект – фирма за услуги и имот (сметката е блокирана после 1.244 дена)

Сикума – градежна фирма (лани пријавила загуба д 8,4 милиони куни или 1,1 милиони евра)

Стерадијан проект – фирма за градежништво, трговија и услуги (лани имала загуба од 700.000 куни или 90.000 евра)

Стерадијан за градежништво (ликвидирана е во 2013 година)

Аква ММ – фирма за услуги (лани пријавила загуба од 620.000 куни)

Наутика Мамиќ – (лани пријавила загуба од 192.000 куни)

МОС проект - (нема платено данок во износ од 300.000 куни)

Космос градежништво - (ликвидирана е во 2013 година, а година претходно има загуба од 240.000 куни)

Радио седум – за емитирање радио сигнал (загуба од неколку илјади куни)

Надин увоз-извоз (во последниве три години имала добивка од неколку илјади куни)

По неколку годишна војна со навивачите, Бед Блу Бојс сè уште не се огласиле со јавно соопштение за апсењето на Мамиќ, а голем дел од нив уште од 2001-ва не одат на стадион поради протест. Доцна синоќа тие се обиделе во притвор да му однесат банани, портокали, наполитанки и сапун, но не успеале, а потоа пред истражниот затвор Реметинец организирале славје.

6 јули 2015 - 12:56