Откако загуби 2-1 од Манчестер Јунајтед, минатиот викенд, Сем Алајдарс се надевал дека брзо ќе заборави на загубените три бода по виното кое ќе го испие во канцелариите на „Трафорд“, но останал без очекуваниот аперитив.
„Секогаш го канам противничкиот тренер во мојата канцеларија на кафе и муабет по натпреварот. Тоа е пракса во големите клубови и нема ништо спорно кога се покажува домаќинството“, изјавил Биг Сем за Дејли Мејл.
Целата приказна потекнува по одлуката на Ван Гал, гостинските тренери да бидат „слободни“ после последниот поздрав на мечот. Холанѓанецот е познат по строгиот режим и откако на 6 меча проба 33 фудбалери, одлучил да го смени и распоредот на настани во клупските простории.
„Се острев да се напијам некоја чаша вино, како што имав обичај со Сер Алекс Фергусон, но кога се качив горе ми кажаа дека таквата пракса е укината по налог на првиот тренер. Се изненадив непријатно, ги поздравив и си заминав“, вели Сем Алардајс, тренерот на Вест Хем Јунајтед.
Во меѓувреме, Манчестер Јунајтед соопшти дека ја прифатил понудата од Монако за откуп на договорот на Радамел Фалкао. Колумбиецот игра како позајмен за „црвените ѓаволи“, но ги прифатил понудените услови и од следниот преоден рок ќе стане играч во сопственост на Јунајтед.