На „Кинг Павр" стадионот во Лестер, Манчестер Јунајтед во еден момент имаше убедливо водство од 3:1, но во продолжение прими 4 гола и повторно убедливо загуби, а поранешниот селектор на Холандија врескал во соблекувалната.
Минатиот викенд, Јунајтед славеше 4:0 против КПР на „Олд Трафорд" и тоа беше прва победа на Ван Гал како тренер на „црвените ѓаволи" во официјалната сезона, но студениот туш во Лестер ги натера англиските медиуми да направат анализа на досегашната работа на Ван Гал.
Резултатите покажале дека Ван Гал на секој натпревар сезона имал 5 нови играчи повеќе во однос на неговите претходници Мојес и Сер Алекс Фергусон. Освен стандардниот Де Хеа на голот, на сите други позиции во екипата својата шанса ја добиле 33 фудбалери, но Ван Гал (63) сè уште не ја нашол вистинската постава која ќе влезе во серија победи.
Сите испробани играчи на Ван Гал:
голман: Де Хеа;
одбрана: Маркос Рохо, Тајлер Блекет, Џони Еванс, Марник Вермиџил, Рафаел, Дејли Блинд, Фил Џонс, Рис Џејмс, Крис Смолинг, Лук Шо;
среден ред: Том Клеверли, Ешли Јанг, Дарен Флечер, Антонио Валенсија, Хуан Мата, Анхел Ди Марија, Андер Ерера, Саиди Јанко, Шинџи Кагава, Џеси Лингард, Аднан Јанузај, Нани, Маруан Фелаини, Андреас Переира, Андерсон;
напад: Вејн Руни, Даниел Велбек, Робин Ван Перси, Радамел Валкао, Хавиер Ернанес Чичарито, Мајкл Кејн, Ник Пауел;
На шест одиграни средби, Манчестер Јунајтед под водство на Луи Ван Гал сезонава има една победа (КПР), две нерешени средби (Барнли и Сандерленд) и три порази (Свонси, МК Донс, Лестер), што е за нијанса полошо од стартот на Дејвид Мојс.
Во досегашниот тек од сезоната, тимот од Трафорд постигна девет, а прими 12 голови. По испаѓањето од Лига Купот, Манчестер Јунајтед ќе се натпреварува само во Премиер лигата и во ФА купот.
Во меѓувреме, една од најпознатите обложувалници на Островот, Peddy Power соопшти дека седум лица го погодиле точниот резултат меѓу Лестер Сити и Манчестер Јунајтед (5:3) и со вложени 5 фунти секој од нив заработил по 2,500 фунти.
Вест Хем е следниот противник на Манчестер Јунајтед, на 27.09 во сабота на „Олд Трафорд“.
Реакцијата на капитенот Руни, по израмнувањето на Лестер: