Вака почна сè

Јули 2009-та: Кристијано Роналдо во Реал Мадрид за рекорден трансфер од 94 милиони евра. Јули 2017-та: Ла Лига (2), Копа дел Реј (2), Супер Куп на Шпанија (1), Лига на шампиони (3), Супер Куп на Европа (1), Светско клупско првенство (2).

+ 406 гола на 394 меча, најдобар стрелец во историјата на Реал, рекордни 32 хет-трикови во Ла Лига, 4 Златни топки, слава, многу пари, 104 милиони следбеници само на Инстаграм, Ирина Шаик...Со еден збор фудбалска икона која беше претставена пред полн Бернабеу, а на Флорентино Перез му правеа друштво Алфредо Ди Стефано и Еузебио. Да не постоеше, Меси ќе немаше со кој да се јаде.

 

7 јули 2017 - 09:25