Турчинот Енес Унал даде најубав гол од слободен викендов

Дваесет и пет годишниот Енес Унал е еден од оние големи таленти кои не се многу познати во јавноста. Тој од Бурсаспор потпиша со Манчестер Сити во 2015-та но не заигра ниту еднаш за премиерлигашот кој го позајмуваше во неколку клуба во Белгија и Холандија. На крај младиот Турчин си го најде местото во Шпанија. Прво во Виљареал, па во Леванте и Ваљадолид. Од 2020-та е во Хетафе и таму дава голови растура.

На мечот Селта Виго - Хетафе (1:1), Енес Унал со фантастичен гол од слободен удар ги донесе гостите во водство. Џабе Јаго Аспас легна под живиот ѕид, немаше потреба:

Турскиот репрезентативец минатата сезона на 37 меча во Ла Лига постигна 16 голови, сезонава на 11 меча има 3 гола и 2 асистенции во Примера.

25 октомври 2022 - 10:23