Туку вториов голман на Пеп да ти бил голманиште

Бразилецот Едерсон е неприкосновен на голот на Манчестер Сити веќе неколку сезони. По сè изгледа ќе брани и на Светско првенство. Но во Лига Купот на Англија како што е ред, менаџерите обично ставаат втор тим и резервисти во игра, па така шанса со Челси синоќа доби Стефан Ортега и ја искористи максимално.

Стефан Ортега има 30 години. Роден е во Хофгеисмар во Германија. Во оваа земја не бил многу познат, бранел за Арминија Билефелд и Минхен 1860. Во Манчестер Сити доаѓа во јули годинава како слободен играч. Бранеше и во Комјунити Шилд Купот со Ливерпул на 30 јули а бранеше и со Борусија Дортмунд и Севиља во Лига на шампиони.

Сега во триумфот на Сити од 2-0 против Челси се прослави со бравурозни одбрани.

„Исклучително засилување е за тимот сезонава. Не е ова прв негов меч, во Дортмунд беше одличен. На мечот со Севиља беше исто одличен.

Го гледаме секој ден и мислам дека клубот направи голем трансфер со него. Тој е одличен во сите елементи, на гол, со нога и на крај Челси не постигна гол зошто тој бранеше одлично. Ова е добро и за Еди (Едерсон). Да го задржи нивото е многу важно. Стефан е исклучителен голман“, рекол Гвардиола за голманот Ортега кој беше избран за играч на мечот со Челси.

10 ноември 2022 - 09:37