Ед Томпсон, уредникот на фудбалскиот блог Financial Fair Play, го објави неговото мислење за оваа интересна идеја.
„Наместо да го шириме форматот на натпреварувањето на 40 репрезентации што почнаа да го најавуваат за Светското првенство во Русија во 2018-та година, подоборо би било на следните натпреварувања да составиме репрезентација „вајлд карта" од остатокот на светот".
„Наместо турнирот да го прошириме за осум нации, на овој начин теоретски би го прошириле за 23, колку што има места за пријавени фудбалери кои настапуваат за една репрезентација. На Светското првенство во Бразил така ќе бидат претставени 26% од светската популација. Репрезентацијата на остатокот на светот ќе го подигне овој просек до 80%".
Пресметките на Томпсон се јасни. Со по еден фудбалер од Кина, Индија и Индонезија, претставници на Светското првенство ќе добијат три милијарди луѓе.
„Треба ли воопшто да објаснувам каков маркетиншки потенцијал има во овој потег", потенцира блогерот.
Според идејата на Томпсон, за да се ослободи место за тимот ROW (Rest of the World), ќе треба да се скрати едно место за екипите од УЕФА кои во Бразил ќе имаат 13 свои претставници.