Мурињо е под притисок и тоа е очигледно. Во пресрет на вечерашното мега градско дерби против Сити во 4. рунда од англискиот Куп, Португалецот во интервју за Скај Спортс се пожали на животот во Манчестер.
Откако стана тренер на Јунајтед, Жозе (53) неколку месеци живее во луксузниот хотел Lowry, а неговото семејство и натаму живее во Лондон.
„За мене ваквиот живот е катастрофа затоа што некогаш сакам да прошетам а не можам. Сакам само да поминам преку мостот и да одам во ресторан, но не можам и тоа е многу тешко. Да купам куќа? Не знам, не знам навистина. Реалноста е што ќерка ми следната недела ќе полни 20 години, син ми ќе има 17 за некој месец. Тие се стабилизирани. Универзитет во Лондон. Фудбал во Лондон, пријателите им се таму. Тие се веќе во години кога не можат да ме пратат како порано, па така првпат семејството живее разделено. Се обидуваме да се навикнеме на ситуацијата.“, вели Мурињо.
Поранешниот тренер на Порто, Интер и Реал Мадрид вели дека хотелот му ги пружа најдобрите услуги, но дека не живее како што сака во Манчестер.
„Имам апликации и можам да нарачам достава на храна, така правам понекогаш. Знаете какви се папараците, за хотелот и брендот кој ме спонзорира, гардеробата која што ја носам, неверојатно е што папараците секој ден се овде. Сите го знаат името на хотелот. Сите знаат кога брендот ќе донесе нова колекција“, констатира Мурињо.
Дербито Манчестер Јунајтед - Манчестер Сити од Купот се игра вечерва од 21:00 на Олд Трафорд.
Типувај го на Типстер