Тери, Џерард и сите кои му честитаа на Меси

Меси по петти пат ја доби најпрестижната награда на ФИФА, Златната топка за најдобар фудбалер на светот. Во изобилството гласови и честитки, најмногу му значеа оние најрелевенантните, од колегите на теренот.

Луис Гарсија: „Честитки Лионел Меси за петтата Златна топка! Кој би помислил тогаш... Најдобар играч во историјата!"

Сеск Фабрегас: „Ова е автентична награда. Уживај пријателе, ти заслужи!“

Стивен Џерард: „Најдобар на светот. Подобар од било кој пред него? Мислам да."

Марио Балотели: „Chapeau“ (Симнувам капа)

Стефан Ел Шарави: „Честитки Меси. Најдобар си!“

Едмилсон: „Прими честитки“.

Кака: „Дами и господа, Златната топка на ФИФА за 2015-та оди кај Лионел Меси“

Езекиел Лавеци: „Честитки на петтата Златна Топка Лионел! Сега оди на седмица хаха."

Џон Тери: „Најдобар на сите времиња“

Вејн Руни: „Честитки Лео Меси на петтата Златна топка. Неверојатно достигнување!“

Роналдињо: „Му честитам на мојот добар другар Лео Меси на ова големо достигнување. По толку многу победи во Барселона, тој сега го освои најзначајниот трофеј во светот. Заслужено! Им честитам и на Кристијано Роналдо и Нејмар за одличните настапи минатата година. Во женскиот фудбал најдобра беше Карли Лојд. Честитки!"

Фабио Канаваро: „Честитам Феномену".

Рио Фердинанд: „Лео Меси = генијалец“.

Нејмар: „Брату, чест ми е да играм со тебе, ти си мојот идол. Ја заслужи оваа награда".

Неверојатните пет Златни Топки знае да ги брои и син му на Меси, Тијаго: