Судиска одлука на сезоната која не е лошо да стане правило

Сте слушнале ли за идејата: Ќе бидеш суспендиран онолку време колку што ќе биде отсутен играчот кој си го повредил? Епа ете ја на дело во Бразил, сосем исправно.

Фудбалерот на Васко Де Гама, Рилдо му влезе без памет на Жоао Паоло од Ботафого па кутриот беше изнесен со носилки и се испостави дека стартот бил толку безобразен што успеал нога да му скрши.
 
Судијата при две очи се направи ќор и му додели само жолт картон на Рилдо, а од видеото ќе сфатите дека таков прекршок не проаѓа без директно исклучување и суспензија повеќе од еден натпревар.
 
И тука судиската не беше последна бидејќи во случајот се вмеша регионалниот суд на Рио Де Жанеиро кој ја донесе вистинската одлука која треба да му донесе памет за друг пат на Жоао.
 
Фудбалерот на Ботафого ќе биде суспендиран исто време колку што ќе му треба на повредениот играч на Васко Де Гама да се врати на терен.
 
Тоа значи дека Рилдо треба да стиска палци за што побрзо закрепнување на Жоао. Со оглед на видот на повредата не му бега суспензија од едно пола година.

29 март 2018 - 11:01