На Матијас де Лихт ногата на градското дерби му беше на вистинско место, ама не и раката. Холанѓанецот даде гол во 70-та минута, првенец во дресот на Јуве и со тоа му донесе 3 бода на својот тим. Ама пак ја оплеска како со Болоња и повторно никој од судиите не виде или се правеше дека не гледа.
По една нафрлена топка, Белоти играше со глава, а Де Лихт практично ја штопна топката со рака и ништо од пеналот. Судијата повторно како во претходното коло со Роналдо не се одлучи да ја прегледа спорната ситуација на екран, туку се потпра на проценката на судиите во ВАР кабината.
Што ли проценија и што видоа тие судии горе, кога овде цел свет гледа нешто друго. Пенал е, 1000%. Кое играње со рака, ја одбрани ко Штербик.
Сите го гледаат и сите пишуваат за пеналот, не сме само ние. Од италијанскиот печат доволно е да се ѕирнат написите Кориере и Газета.
Секоја чест за тоа што клубот го изгради, тоа што ќе го гради на концепт кој други италијански екипи го немаат, составот и целата доминација од 8 титули по ред. Никој не им ги спори успесите. Ама зад успешниот ќоњ не може да не остане видлива и оваа заматена прашина која се крева, нели?
Сезоната трае само два месеци, а веќе имаше спорни ситуации и против Болоња и Џенова. Ова се видеата со кои навивачите на Јуве тврдат дека имало контакт за пенал врз Роналдо.