Јувентус сака нов Роналдо, помлад, не со иста способност со еден трансфер да го смени економскиот трговски биланс, затоа што Кристијано во тоа е единствен, но со потенцијал да го стори тоа на среднорочен хоризонт.
Тоа е идентификаторот што Јуве го нацрта за да оди напред заедно со глобалната фудбалска елита. Операцијата е скапоцен камен кој треба да влезе во планот за развој 2019-2024, кој има за крајна цел да го претвори Јувентус во конкурентна компанија целосно интегрирана во светот на спортот и меѓународната забава.
Поради овие причини, управниот одбор им предложи на акционерите зголемување на капиталот од 300 милиони евра, кои би почнале да ги инвестираат од првите месеци на 2020-та. Голема и тешка инјекција која би придонела за широк раст на индустриско ниво.
Тоа значи дека одржувањето на високото ниво на конкурентност на теренот, односно носењето засилувања, ќе мора да оди рака под рака со зајакнување на сите вон спортски активности.
По претседателство на Андреа Ањели, кој ја презеде функцијата во мај 2010-та, Јувентус ја смени кожата по урнатините на Калчополи. Осум Скудета по ред, две финалиња во ЛШ и приходи од 156 милиони во 2010/2011 до 494 милиони во 2018/2019.
Потоа претворање на клубот во компанија со сопствен стадион, како и персонал од 885 луѓе. Овие бројки сепак не се доволни, бидејќи Бјанконерите не се борат во национални, туку во светски граници.
Операцијата “Кристијано Роналдо“ беше дел од нивните амбиции и веќе од првата сезона стана мултипликатор на ресурси и можности. Над 1 милион продадени дресови, 58 милиони евра повеќе приходи откако дојде Португалецот, 38 милиони навивачи повеќе во светот, како и ред други поволности во светот на маркетингот.
Експанзивната фаза започната со Роналдо го става клубот на повисок сегмент на пазарот, без разлика што имаат финансиски долг од 463 милиони евра. Менаџментот мораше да избере меѓу овие две патеки: Да застанат неколку години и да управуваат со долгот или да побараат зголемувањето на капиталот за да ја продолжат фазата на развој.
Го избраа вториот пат, затоа што најбогатите клубови во светот се движат накај приходи од милијарда евра. Тие 300 милиони би биле искористени да се скрати јазот со Реал, Барселона, Манчестер Јунајтед и да се направи еден квалитетен скок.
Ете зошто сакаат да направат маневар во напад, а не во одбрана. Тотенхем на пример неодамна удри на рефинансирање од 720 милиони евра.
Директорите на Јуве сметаат дека долгот на Јуве е под контрола и тие нови 300 милиони ќе обезбедат флексибилност за нови инвестиции.
Меѓу Ањели и Џон Елкан постои хармонија на погледи, а од друга страна пазарната вредност на клубот (на берза) од 160 милиони во 2010-та скокна на сегашни 1,4 милијарди.
Јуве посакува друг играч како “мамка“ покрај Роналдо кој ќе се вљуби во нив. Профилот треба да биде некој вонсериско име од рангот на Мбапе, Нејмар или Погба.
Но развојот сепак ќе се случува на сите полиња, како што е глобално ширење на брендот Јуве со отворање канцеларија после Хонг Конг, исто и во САД. Потоа градење на мал стадион за У-23 и за женскиот тим, како и нови простории за гостопримство и иновации на стадион Алијанц, со цел дополнително да се зголемат приходите од натпреварите.
Италијанскиот првак е четврт по бројот на фанови на социјалните мрежи, десетти според приходи, петти на рангот на УЕФА и во последните години успеа да го одржи истото темпо на развој со првите три во светот.
Но сепак нивните приходи остануваат поголеми. 341 милиони евра Барселона, 263 Реал, 217 Манчестер Јунајтед. Поместувањето на овој јаз оди многу тешко поради различните системи во кои припаѓаат.
Пребогатата Премиер лига од тв права собира два и пол пати повеќе од Серија А, а двата шпански гиганти имаат дополнително многу пари од промоцијата на шпанскиот фудбал во странство. Плус во Азија англиските гиганти имаат пет пати повеќе публика од Бјанконерите.
Сепак нивниот план со поглед кон 2024-та е да останат качени на возот со водечките три екипи во светот.