На неодамнешното Суперкласико во Аргентина помеѓу Бока Јуниорс и Ривер Плата, судијата на кратко го прекина мечот бидејќи требаше да отстрани сандала од терен. Некој сигурно се објаснувал со жена му дома зошто е бос на едната нога.
Необичен начин на протест кон клубот имаа навивачите на Блекпул, кои минатата сезона на мечот против Барнли фрлаа со тениски топчиња. Требале да ги чуваат за тренерот кој на истиот меч удри еден од своите играчи.
По оригинални беа навивачите на Блекбурн кои во знак на протест кон својот нов газда пуштија кокошка на терен со знамето на клубот. Тој е сопственик на живинарска фарма.
На средбата против Сандерленд, навивач на Ливерпул со одбојкарска топка предизвика конфузија пред голот на Пепе Реина кој во тој момент бранеше удар на Дарен Бент.
Навивачите на Борусија Дортмунд фрлаа банани пред голот на Нојер, а целта им беше да се потсмеваат со поранешниот голман на Баерн Минхен, Оливер Кан кого го викаа Горила.
Како навивачите на Евертон го тролаа Руни кога имаше проблеми во бракот.
Белгијското дерби помеѓу Андерлехт и Клуб Бриж пред две години, беше прекинато откако навивачите ги гаѓаа фудбалерите со снег.
На дуелот меѓу Сантос и Коло Коло во Копа Либертадорес, Нејмар при прославувањето на голот, стави маска со својот лик. Судијата не се воодушеви и му даде жолт картон.
Една од ролните кои најмногу ги користат навивачите во Јужна Америка заврши во главата на линискиот судија на мечот меѓу Универзидад и Национал во 2011 година. Но со оглед на тоа што се работи за хартија се претпоставува дека одглумил. Тој беше изнесен со амбулантно возило, а мечот беше прекинат.
Свинската глава беше наменета за Луис Фиго кој направи трансфер од Барселона во Реал Мадрид. Го нарекоа предавник и ја фрлија за време на Ел Класико во 2002-та.
Ја има во музејот на Барселона.
Од сите овие глупоштини кои не им е местото на терен, најнезабавна е гранатата која се најде на трева на мечот помеѓу Брентфорд и Милвол одигран во 1965 година. Еден од полицајците ја стави во кофа со песок, но потоа утврдија дека била безопасна реплика.
Бонус:
Цеск Фабрегас како играч на Арсенал беше гаѓан со банана од страна на навивачите на Челси.
Уште еден бонус:
Од ова веројатно и нема поголемо дно. Навивачите на Интер украдоа мотор од навивач на Аталанта и го фрлија на трибина како да е летка.