Сè започна вака: Ренато Санчез истрча педесетина метри кон противничкиот гол, Нани никој не знае дали шутираше или додаваше, ударот на Роналдо го одбрани Субашиќ а на одбиената топка налета Кварежма и со глава го постави решавачкиот резултат 1:0. Триесетина секунди претходно Хрватска можеше да ѝ даде гол на Португалија.
Калиниќ погоди статива, топката се одби до Брозовиќ кој не можеше ништо во дуелот со португалскиот десен бек Седрик Соареш. Во преостанатите шест минути Хрватите напаѓаа по крила, но 172 сантиметри високиот Седрик три пати со глава ги спречи нивните центаршутеви. Кога шпанскиот судија Карбаљо досуди крај на мечот, на 23-от сектор од стадионот „Болар Делеис" аплаудирале други двајца Шпанци, Урбано Ортега и Роберто Фернандес, скаути на Барселона од кои вториот го следел токму Соареш.
Тоа се случи минатата сабота во Ленс. А пред петнаесет години во Лисабон го следеле бандитите во реонот Понтиња каде на стадионот „Пина Маник" тренирале три млади тима на Спортинг. Од градот Монтиж каде живеел Седрик имало 40 километри и се поминувал големиот мост Васко де Гама преку реката Тахо.
Тренирал до осум навечер а ако дедо му, татко на мајка му не можел да го земе, Седрик лутал во близина на автобуската станица. Во ноември 2001. година рано се стемнило, дедо му заглавил во сообраќајните гужви поради реконструкција на патот и почнал да плаче на глас со ранецот на десно раме.
Не престанал да плаче, но кога видел дека нема успех избегал во темнината кај мостот Васко да Гама од каде требал да помине дедо му.
Лани потпиша со Саутемптон и само неколку секунди откако влезе во игра на првиот меч од Премиер лигата против Њукасл на Сент Џејмс Парк имаше гол асистенција до Грацијано Пеле'.
Не пројдоа ниту два месеци откако „Светците" го купија за три ипол милиони фунти колку што Саутемптон добил за својот десен бек Натаниел Клајн од Ливепрпул. Седрик го барале и во Волфсбург, но тој му се јавил на Маркос Рохо некогашниот колега од Спортинг Лисабон (2013/2014) и од него слушнал: „Во Саутемптон времето е уште полошо од Манчестер, но Анлија - тоа е сосема друг свет, друга земја, тебе ќе ти се допаѓа".
Седрик го послушал, но во првите два месеци во Саутемптон живеел во хотел затоа што никако не можел да најде пристоен стан. После еден од септемвриските тренинзи на Саутемптон соиграчот Душан Тадиќ го прашал:
„Уште ли си бездомник? Решавај го тоа прашање, затоа што тренерот ќе помисли дека сакаш да си одиш на зима".
Неколку дена подоцна Седрик и неговиот другар Филип се вселиле на 23-от спрат во зградата каде живеел и српскиот репрезентативец Тадиќ. Од таму до стадионот „Сент Мери" имало седум минути пешки одење.
„Навечер гледав низ прозорецот, се сеќавав на минатите натпревари и размислував како можам да станам подобар и како да ги исправам грешките. Кога на гости ми доаѓаат роднини, многу им е згодно да ги гледаат моите мечеви", раскажал Седрик во интервју за Daily Mail.
Година дена претходно неговите двајца братучеди и чичко му поминале 600 километри со кола за да го гледаат Седрик на стадионот „Фелтинс Арена" каде Спортинг против Шалке го играше мечот од третото коло во Лигата на шампионите. Во средината на првиот дел напаѓачот Слимани се повреди, а наскоро стоперот Маурицио доби втор жолт картон, и на 12 минути до крајот Спортинг губеше 3:2.
Седрик тргна во еден во напад, Аого го блокираше ударот на Монтеро, топката стигна до Седрик Соареш, центрираше до Адриен Силва кој изедначи. Мостот е изграден во 1998. година кога тренерот Луис Диас го викнал шестгодишниот Седрик во тимот на Спортинг до 7 години, а родителите се одлучиле да го запишат во престижно школо каде сите предмети освен историјата на Португалија се изучувале на германски јазик.
Претпладне Седрик живеел во идеален свет - воспитани европски деца од богати и раскошни семејства од германско потекло со кои зборувал за романот „Игра на стаклени бисери" од Херман Хесе и „Лисабонските ноќи" од Ремарк. Потоа вечерал со баба и дедо шницли и ќофтиња на германски начин а во шест часот вечерта тренирал во друштво на деца од бедни и социјално загрозени семесјтва.
„На сабајле Седрик учеше со синот на Сократеш (тогашниот премиер на Португалија), а навечер тренираше со деца на проститутки. Тоа е ужасен пример, но така беше", раскажувал во интервју за Mais Futebol братот на Седрик, Кевин Суареш.
И брат му исто тренирал во Спортинг, четири години, но потоа избрал да студира и дипломирал на некоја бизнис академија. „Наутро еден свет, навечер друг свет. И така секој ден. На крајот Седрик растел по германска дисциплина и внимателност, а истовремено учел и од очајните лисабонски бандити".
Контрастна била и првата сезона на Седрик во Англија каде се преселил после 17 години во Спортинг Лисабон (година дена бил на позајмица во Академика со која го освоил Купот на Португалија против Спортинг во финале).
Во Англија стартувал супер, тренерот Куман, соиграчите и новинарите го фалеле неговиот учинок на теренот (за година дена во Премиер добил повеќе конци на главата, отколку за 17 во Португалија). Бил и меѓу тројцата најдобри бекови кои учествувале во головите на својот тим. Но после зимската повреда го загубил местото на десната страна од Куко Мартин.
На Европското 2016-та Седрик Соареш почна од клупата, но неговиот конкурент Виериња не се снајде добро на мечот против Унгарија и селекторот Фернандо Сантош го стави Седрик против Хрватска каде го чуваше Иван Перишиќ, ѕвездата на групната фаза.
Седрик на мечот со „Коцкестите" имаше 23 контакти со топката, направи шест пробиви, три центаршути и три одбиени топки. Перишиќ ја одигра најслабата средба на турнирот и следното утро си замина дома.
Седрик лета до неговата куќа во Зиген два пати годишно, но мечот со Шалке во есента 2014-та беше првпат да игра со сениорите против еден германски тим. Десет дена пред гостувањето во Гелзенкирхен, Седрик дебитираше за сениорската репрезентација на Португалија на Стад де Франс на пријателската против Франција.
Шанса да игра таму ќе има и ова лето ако стигне до финалето на Европското првенство. И ако се случи противник таму да му биде светскиот шампион, контрастот ќе биде поголем од оној во лисабонското детство.