До членот од обезбедувањето во врска со дечкото на кој му бараше тврд предмет, како да оди на стадион за да гаѓа со упаљач:
- Се вика Вејн Руни, а во 2004-та година направи трансфер во Манчестер Јунајтед за 25 милиони фунти.
- Остана 13 сезони на Олд Трафорд и освои 16 трофеи меѓу кои 5 титули во Премиер лига и ЛШ во 2008-ма.
- Постигна 253 гола на сите натпреварувања и стана прв стрелец во историјата на клубот, како и трет најдобар асистент со 103 асистенции.
- Заедно со Мајкл Карик, тој е еден од двајцата англиски фудбалери кои имаат освоено Премиер лига, ФА Куп, ЛШ, Лига Куп, Лига Европа и Светско клупско првенство.
- Дебитираше за Англија во 2003-та година на 17 години и стана најмлад играч кој заиграл за Гордиот Албион.
- Со 53 гола на 120 средби, Руни е најдобар стрелец во историјата на Англија.
Сега јасно ви е зошто е глупо. Како сега да земат Панчев и Пандев да ги претресуваат на Градски. Зарем за правење бељи се отидени на стадион.
Wayne Rooney comes back to Old Trafford and gets a warm welcome! pic.twitter.com/XJgFPSLW6z
— FootballFunnys (@FootballFunnnys) December 26, 2018
Него има и бетер од ова, а се случи кај нас. Вардар - Рома, Куп на УЕФА, 2004-та година. На денот на тренингот, пред влезот на јужна трибина се прави гужва од луѓе кои сакаа да се сликаат со Касано, Капело, Емерсон, Кандела и останатите ѕвезди на римскиот клуб.
Се појавува Славчо Георгиевски - Тупан од Вардар, тогаш актуелен играч кој настапи на тој меч и еден од полицајците кои стоеа на врата не сакаше да го пушти. Славчо изнервиран му се објаснуваше на џандарот дека е фудбалер на Вардар, плус беше со опрема на Вардар.
Уште ни се срам кога ќе ни текне на ова. Жива вистина е, не е рекла казала.