
Се вика Ана Беатриз Тарантино. Има 21 година и во кариерата настапувала за неколку клубови од кои најпознати се Васко да Гама и Вордерланд од Австрија.
Нејзиниот прекар е Роналдиња, поради сличностите со славниот фудбалер, како по изглед така и по игра на терен.
Женската секција на најстариот фудбалски колектив во земјава игра во Првата женска фудбалска лига на Македонија и се наоѓа на средина на табелата. Дали Роналдиња ќе ги однесе кон врвот останува да следиме.
Да посакаме добредојде на трансфер бомбата на нашиот Женски Фудбалски тим 🇧🇷🇧🇷🇧🇷 💪⚽
Posted by ФК Љуботен Тетово on Friday, 11 December 2020