ПСЖ во неделата вечер го доби Лион со 2:0 откако гостите си дадоа два автогола. Но мечот го обележија две-три случки кои оправдано го поставуваат прашањето ’има ли конфликт во соблекувалната на ПСЖ’?
Најпрвин во првиот дел за време на еден слободен удар Кавани се спремаше да шутира но Дани Алвеш дојде му ја зема топката. Му рекол дека е уверен во себе и дека ќе изведува.
Cavani frikiği kullanmak istiyor Dani Alves topu elinden alıp Neymar'a veriyor. Şaka gibi. pic.twitter.com/W1jg7D5VGh
— Atakan Kurt (@atakankurt2) September 17, 2017
Додека тие двајца дискутираа, дојде Нејмар и ја зема топката па на крајот он го шутираше слободниот.
Приказната се повтори и во 79’ од мечот при резултат 1:0, кога ПСЖ доби право на пенал. Кавани одново ја зема топката како прв стрелец на екипата и човек кој лани ги изведуваше пеналите но веднаш дотрча Нејмар и пак сакаше тој да изведува но Уругваецот овојпат не попушти за жива глава.
И за драмата да биде поголема, утна пенал.
Fodes laisses moi tirer !
— PatFranq (@PatFranq) September 17, 2017
Nan cabron je le mets au fond ! #neymar #cavani #psg #psgol #loupé pic.twitter.com/UTOidVfN52
Но после мечот во соблекувалната имало објаснување со тренерот Унаи Емери после што Кавани со брзи чекори го напуштил стадионот и ги одминал новинарите. А Нејмар во меѓувреме го отследил Уругваецот на Инстаграм. Францускиот l'Equipe пишува дека Кавани од управата добил понуда за бонус од милион евра ако повторно и сезонава стане прв стрелец. Тоа веројатно е причина што Уругваецот сака да шутира и пенали и слободни по секоја цена.
Дека во ПСЖ има алфа-егоизам по астрономските трансфери летово вредни повеќе од 400 милиони евра, докажа и Унаи Емери кој по триумфот од 2:0 изјави:
„Во екипата треба да има неколку пеналџии. Еден од нив е Кавани, друг Нејмар. Играчите се сами должни да решат во време на мечот кој ќе шутира. Во иднина тоа прашање ќе го решаваме внатре во тимот но мислам дека двајцата се способно да шутираат од белата точка. Ако двајцата не можат да се договорат, да земам да шутирам јас Не сакам ова да стане проблем“.