Горан Пандев беше седнат до легендата на италијанскиот фудбал Паоло Роси кој работи во Медиасет како стручен коментатор, а меѓу гостите беше и поранешниот славен меѓународен судија Грацијано Чезари.
Капитенот на македонската репрезентација беше повикан за полуфиналето меѓу Баерн и Реал, гигантите кои добро ги паметат неговите важни голови во Лига на шампиони.
ЗА ГОЛОТ ПРОТИВ РЕАЛ ВО 2007-МА
Против Реал Мадрид стрелаше вкупно три пати, прво на Олимпико кога на двата гола на Ван Нистелрој одговори со иста мера и му донесе 2:2 на Лацио, а потоа и на реваншот кога имаше мала незгода при постигнувањето на голот.
„Тоа беше еден друг Реал за разлика од денес, но во одбрана го имаше Фабио Канаваро. Зошто голот на гости беше чуден? Затоа што се повредив. Роки преферираше да шутира во гол, а јас клизнав на таа топка и се удрив во колено. Потоа успеав да продолжам“.
ПРЕСВРТОТ ПРОТИВ БАЕРН ВО ОСМИНАФИНАЛЕТО ОД 2011-ТА
„Таа ноќ одигравме голем меч. Дома загубивме 2:1, а потоа во Германија веднаш дадовме гол, па губевме 2:1. Потоа Ранокија спаси чист гол од гол линија, а во второ полувреме израмнивме, па јагодката на шлагот пристигна со мојот гол за целосен пресврт. Никој не веруваше дека ќе ја минеме таа фаза, бидејќи Баерн беше навистина многу јак“.
ЗА ТРОЈНАТА КРУНА
„Таа година заслуживме да освоиме сè, игравме со многу силни екипи како Челси и Барселона и стигнавме до финале со Баерн Минхен. Мурињо и Ето велеа дека овој меч мора да се победи, на крај победивме и се вративме во Милано на Сан Сиро каде беше полно со луѓе и имаше прекрасна атмосфера. Жал ни е што Мурињо си замина, но го знаевме тоа од претходно. Во тој момент во главата ни беше само да победиме за да ги направиме среќни нашите навивачи и претседателот Масимо Морати, кој секогаш беше близок до нас. Тоа беше убав подарок од сите нас“.
ЗНАЧЕЊЕТО НА ПЕХАРОТ ВО ЛШ
„Тоа останува како спомен за цел живот. Да освоиш ЛШ е сон на секој играч, посебно со тим кој го немаше освоено долги години. Ќе ми остане во срце и во глава за цел живот“.
Пандев го искоментира и ова играње со рака на Роналдо кој се бунеше дека било рамо. Коментаторот: Господине Роналдо тоа не е вашето рамо, туку вашата рака.
„Судијата досуди игра со рака, но не му даде жолт картон на Роналдо. Мислам дека судиите се борат да преземат дејствиа против овие големи играчи“, рече Пандев.
Сезонава истекуваат договорите на 10 играчи на Џенова, а според некои денешни натписи на италијанскиот печат, идејата на клубот е да им ги продолжи прво на Николас Споли и Горан Пандев. И двајцата се 83-то годиште, но се важни и на терен и во соблекувална поради капацитетот да го водат тимот и да им бидат пример на помладите.
ilsecoloxix.it пишува дека лани во јули месец Пандев сам се согласил на намалување на годишната плана на 300.000 евра само за да остане во Џенова.
Голчиштето против Верона го снимија и навивачите од трибина.