Манчестер Сити имаше незамислива серија од 21 победа по ред во сите натпреварувања од ноември месец. Мелеа „граѓаните“ се пред себе, додека не дојде градскиот ривал и да ги победи на „Етихад“ со 0:2. Градското дерби ќе се памети и по тоа што Скот Мектоминеј случајно го погоди со топка во глава главниот судија Ентони Тејлор.