Официјално: Меси заминува од Барселона

После многу шпекулации, конечно клубот Барселона се огласи и соопшти дека Лионел Меси веќе не е член на каталонскиот гигант.

На изненадување на светската јавност, кога сите сметаа дека со заминувањето на старата управа под водство на Жорди Бартомеу а со доаѓањето на некогашниот претседател Лапорта чиј прв потег беше во клубот да го донесе добриот другар на Лео, Серхио Агуеро, дека аргентинскиот тандем ќе игра заедно, сега се случи пресврт.

„И покрај договорот меѓу клубот и играчот и желбата да се потпише нов договор, тоа не е можно поради финансиски и организациски препреки поврзани со нормите на Ла Лига.

Во врска со таквата ситуација Лионел Меси повеќе нема да ја претставува Барселона“, стои во соопштението на клубот. 

Логично, Аргентинецот кој неодамна ја освои можеби најдрагата титула во кариерата, онаа на Копа Америка со неговата репрезентација, сега е слободен агент и ќе бара нова средина.

Како најголеми фаворити за неговиот потпис се спомнуваат ПСЖ, Манчестер Сити и Интер.

5 август 2021 - 20:29