Од висок лет до тежок пад: Шпанија со само еден клуб во 1/8 финале првпат после 19 години

Синхронизирано во средата вечер од Лига на шампиони испаднаа и Атлетико Мадрид и Барселона. Првиве на неверојатен начин откако промашија пенал во 90+5’ минута а од двете одбиени топки едната удри во пречка а другата ја извади нивен играч од гол линија, а вторите уште пред да почнат дуел со Баерн Минхен.

Во Лига на шампиони од Шпанија остана само „кралскиот“ Реал Мадрид. Севиља од претходно ги изгуби шансите за пласман во осминафинале.

Реал влезе во нокаут фаза уште минатото коло, а сега остана аномалиски единствен клуб од својата земја. Откако е сменет форматот во Лига на шампиони со само една групна фаза во 2003/2004, до сега само еднаш Реал Мадрид прошол сам во следна рунда.

Од тогаш поминаа речиси 19 години а секоја сезона во 1/8 финале имаше најмалку две-три шпански екипи.

Во сезоната 1998/1999 Реал Мадрид исто бил сам во нокаут фаза од Шпанија. Но не во осминафинале туку во четвртфинале (тогаш во тој систем се одеше во четвртфинале). И таму испадна од Динамо Киев.

ШПАНЦИТЕ ДОЛГО ВРЕМЕ БЕА КРАЛЕВИ ВО ЕВРОКУПОВИТЕ

Од 2002-ра година во сите финалиња на еврокупови во кои играла шпанска екипа против нешпанска, победник бил тим од Пиринејскиот полуостров. За 20 години од тогаш на 17 такви финални натпревари за пехар Шпанците победиле на сите 17. Неверојатно но вистинито.

Имаше и случаи на се-шпански финалиња. На пример во финалето на Куп на УЕФА 2007 Севиља на пенали го победи Еспањол. Или во сезоната 2011/2012 кога во големото финале во Букурешт играа Атлетико Мадрид и Атлетик Билбао па слеава фудбалерите од престолнината. Два пати во финале на Лига на шампиони играа Реал и Атлетико Мадрид и два пати славеа „кралевите“.

Без него не е тоа тоа, Барса за 17 години со Лео во тимот ниеднаш не испадна од група

27 октомври 2022 - 11:02