Без него не е тоа тоа, Барса за 17 години со Лео во тимот ниеднаш не испадна од група

Шпанскиот клупски фудбал доживеа силен шамар откако групната фаза во Лига на шампиони ја пројде само Реал Мадрид. Испаднаа и Севиља пред време, и Атлетико Мадрид и Барселона.

Чудно но вистинито, Барселона за првпат од крајот на ’90-те години две сезони по ред не поминува групи во Лига на шампиони.

А од 2005-та година кога во првиот тим заигра најдобриот на сите времиња Лионел Меси, каталонскиот клуб ниту еднаш не испадна од Лига на шампиони во Лига Европа.

По заминувањето на Аргентинецот во ПСЖ, Барса две години по ред не може да пројде група.

За време на мечот со Баерн, навивачите на каталонската гордост, некои од нив и со солзи во очите го скандираа името на клупската икона која со плачење и против своја волја го напушти „Камп Ноу“.

Лионел Меси во Париз дојде во летото 2021-ва како слободен играч без обештетување. Од почетокот на сезонава игра неверојатен фудбал и веќе има 11 гола и 12 асистенции на 16 натпревари.

Од висок лет до тежок пад: Шпанија со само еден клуб во 1/8 финале првпат после 19 години

27 октомври 2022 - 12:13