Никој никогаш во Премиер лига како Мохамед Салах

Најдобриот египетски фудбалер на сите времиња, Мохамед Салах сезонава игра фудбал каков што никој досега не играл во најсилната светска лига - Премиер.

Epa Images
Epa Images
Epa images

Ливерпул веќе имаа 11 бода предност во однос на првиот најблизок ривал, а делува дека црвените играа најубав фудбал во лигата и дека немаат намера до крајот на сезоната да ја испуштат шансата за титула.

Најзаслужен за тоа е нивниот лидер, најдобриот играч на Ливерпул, Мохамед Салах. Египќанецот уште сега во февруари има 25 гола и дури 16 асистенции. Заслужен е за 41 гол на четата на Арне Слот. Моменталниот рекорд во Премиер лига го држат легендарните Алан Ширер и Енди Кол кои имаа 47 (голови и асистенции) од времето кога во Премиер лига се играа 42 натпревари. Сега се играат 38 кола.

Салах е првиот играч во историјата на Премиер лига со 25+ гола и 15+ асистенции во една сезона.

Ова што го прави Салах сезонава го правеа само Лионел Меси во Барселона и Кристијано Роналдо.

Мо сезонава на дури 11 натпревари има запишано најмалку по гол и асистенции. На листата совладани голмани му се оние на Манчестер Јунајтед, Челси, Астон Вила, Њукасл, Тотенхем.

Последен пат во Топ5 лигите во Европа на 11 натпревари по гол или асистенција имал токму Лионел Меси во сезоната 2014/2015.

„Ова е сезона во манирот на Меси или Ронало“, вели Карагер а некогашниот фудбалер на Ливерпул, Даниел Стариџ додава: „Ова е за Златна топка“.

Салах сезонава немаше гол или асистенција само против Нотингем Форест. Против Сити на Пеп Гвардиола кој Ливерпул сезонава на два пати го доби по 2:0, Салах на двата натпревари имаше по гол и асистенција.

Египетскиот репрезентативец во јуни ќе прослави 33 години. Договорот со Ливерпул му истекува на лето а од клубот се уште немаат намера да му ги исполнат барањата за нов договор, па по се изгледа Салах ја игра последната сезона на „Енфилд Роуд“.

Мохамед за Ливерпул веќе има 241 гол со што е на високото трето место во клупската историја на најдобри стрелци. Пред него се само Роџер Хант и Јан Раш.

24 февруари 2025 - 13:57