Со ваква голгетерска серија на македонските репрезентативци, Палермо може да биде спокоен. Со голот број 4 во осмото коло од Серија А, Илија Несторовски по 29 минута му донесе предност на својот тим на гостувањето против Лече. Трајковски има 3, а тоа значи дека 7 од вкупно 11-те досегашни погодоци на сицилијанскиот тим се на македонското напаѓачко дуо.