Како што играше во Ливерпул ниту на едно друго место не играше. Ги решеташе противниците буквално од викенд во викенд. Без разлика дали играа против Манчестер Јунајтед, Сити, Арсенал, Челси или Саутенд во Купот, Уругваецот го радуваше КОП.
Ама беше и болно иритантен кон противничките играчи, тренери, навивачи. Како на пример еднаш на дербито против Евертон кога се фрли пред Дејвид Мојс кој претходно го обвини дека глумел многу.