Врексем – Арсенал 1992
Како актуелни шампиони во Премиер лигата, никој не се ни посомневал дека фудбалерите на Арсенал може да имаат некаков проблем со аутсајдерската екипа од четвртата лига во Велс на која и било чест да игра против „Топџиите". Но фаворитската улога на Арсенал за нив не важела. На голот на Алан Смит, по 10 минути одговорил ветеранот Мајкл Томас кој на почетокот од својата кариера го носел дресот на Манчестер Јунајтед и Челси. На крајот се случил целосниот пресврт по кој тимот од Лондон бил елиминиран и посрамотен во ФА купот.
Борнмут – Манчестер Јунајтед 1984
Составот од „Олд Трафорд" како актуелен освојувач на ФА купот се соочил со огромен срам во обидот да го одбрани трофејот во ова натпреварување. Задачата во третото коло изгледало дека ќе биде лесен тренинг, затоа што пред себе ги имале третолигашите Борнмут. Но предводени од тогаш младиот 37 годишен стратег Хари Реднап го исфрлиле англискиот гигант од купот со 2:0, а навивачите на Јунајтед од лутина се обиделе на влетаат на терен.
Херефорд – Њукасл 1972
Малиот клуб кој игра на стадион пред 6.000 гледачи и денеска е дел од шестата лига, а 1972 година за нив претставува најголем успех во фудбалската историја. Тие направиле двојно изненадување, затоа што на првиот дуел на гостувањето против Њукасл успеале да извадат сензационални 2:2. И покрај тоа што на равеншот премиерлигашот повторно бил апсолутен фаворит, на калливиот терен подобри биле домаќините. По голот на Њукасл тие успеале да израмнат, а во продолженијата го шокирале противникот со конечни 2:1, по што домашните навивачи го преплавиле теренот.
Ливерпул- Вимблдон 1988
Како најдоминантен клуб во 80-те години во Англија, Ливерпул бил апсолутен фаворит за освојување на титулата во ФА купот. Но во финалето се сретнале со славното "лудо друштво" кое го направи најголемото изненадување во финалните пресметки во ова најстаро фудбалско натпреварување. На тој меч гостите биле првата екипа која успеала да одбрани пенал во ФА купот.
Барнсли – Челси 2008
Карваљо, Тери, Балак, Малуда, Есиен. Бадијала бил овој силен состав на „Сините" кои немале одговор за второлигашот Барнсли кој со само еден погодок го елимнираше скапиот состав на Абрамович. Стрелец на голот беше Кајоде кој впрочем го постигна првиот гол во дресот на Барнсли со кој го однесе својот тим во полуфинале. Последниот пласман помеѓу најдобрите четири екипи во ФА купот оваа екипа го достигна во далечната 1912 година.