CIES ги издвои фудбалерите на кои им одело најдобро во првите три месеци од годината и кои одиграле во просек по минимум 66 минути по натпревар. Критериумите се острина/непопустливост, одземање топка, делење топки, преземање играч, креирање шанси и шутирање.
На првите пет места на табелите доминираат Бундеслигата со 10 играчи и Премиер лига со 9, а со константно одлична форма со по четири фудбалери може да се пофалат Манчестер Сити и Борусија Дортмунд.
Најдобар централен дефанзивец е Емир Спахиќ од Баер Леверкузен кој 10 години беше капитен на БиХ. Зад него е Демикелис, па Хумелс, а потоа следуваат Крис Смолинг од Манчестер Јунајтед и Тијаго Силва.
Од страничните бекови годинава најдобро му оди на Клиши од Манчестер Сити, Марсело од Реал, Рафиња од Баерн кој има иста оценка со младиот Бразилец Вендел Насименто од Баер Леверкузен и петти е Забалета.
Петмина најдобри играчи од среден ред според оценките се Нури Сахин од Борусија, Погба, Фернандињо, Лукас Биља од Лацио и Гундоган. Од тие што играат малку понапред првата и втората позиција ја делат Азард и Озил, а потоа следуваат Навас, Де Брујн и Кагава.
Најдобар напаѓач во изминативе три месеци е Меси, кој е следен од Робен, Бас Дост од Волфсбург, Суарез и Диего Коста. Кристијано Роналдо се наоѓа на 29. место.
Најдобрите 15 играчи во сите пет табели ги имате тука.