Му рекол да го батали Хванг зошто глуми Џеки Чен, ФИФА го репнала 10 меча суспензија

За време на пријателски натпревар летово меѓу италијанскиот прволигаш Комо кој го предводи Сеск Фабрегас од клупата и англиски Вулверхемптон, италијанскиот фудбалер Марко Курто после еден дуел и вербална расправијана на негов соиграч со Кореецот Хванг, му рекол „да го игнорира Хванг зошто се замислува дека е Џеки Чен“.

УЕФА РЕКЛА ДЕКА НЕ Е ПОД НИВНА ЗАКРИЛА, ФИФА РЕАГИРАЛА 

„Марко Курто е прогласен за одговорен за дискриминаторско однесување и казнет е со суспензија од 10 натпревари. Половина од тие натпревари е условна казна во период од две години, а на играчот му се наложува и друштвено корисна работа и едукација“, изјавил портпаролот на ФИФА.

Вулверхемптон после мечот ја известил УЕФА која рекла дека е немоќна зошто натпреварот не се играл под нивна закрила. Потоа реагирал Фудбалскиот сојуз на Јужна Кореја чиј репрезентативец е Хванг Хи-Чан од Вулверхемптон и го пријавиле случајот во ФИФА.

Една недела после инцидентот Курто бил пратен од Комо на позајмица во Чезена но сега го чека долга пауза поради дискриминаторско однесување.

8 октомври 2024 - 09:36