Турчинот Раџип Аптун е сопственик на хотел во Истанбул кој организирал кампања да се соберат пари за 4 годишниот Луис да дојде во Турција и да го гледа омилениот фудбалер.
Видеото на кое се гледа како малиот Луис плаче е прегледано 100.000 пати и искрените емоции на малото дете беа доволни да ги натера луѓето да собираат пари за да му се овозможи да го гледа Ван Перси во Истанбул. Откако Раџип Аптун го изгледал видеото веднаш им понудил слободен престој на него и неговиот татко во Истанбул.
Таткото на Луис, Сем за Манчестер Ивнинг изјави дека е воодушевен од понудата.
„Одењето во Турција ќе биде остварување на сонот за нас, а и гледањето на Ван Перси во дресот на Фенербахче ќе биде прекрасно”.
Сем сепак не знае колку е сериозна понудата за него и неговиот син да заминат во Турција, затоа што дознал од медиумските натписи. На сајтот на големата фондација за донации Indigogo досега се собрани 1.200 фунти кои оваа компанија ќе ги искористи да го плати патувањето на Луис и неговиот татко во Турција.
„Ние сме тажни кога гледаме како Ван Перси заминува во Турција, а навивачите во Турција се пресреќни што ќе го гледаат во Истанбул. Никогаш не можевме да очекуваме толкава великодушност од пријателите од Турција. Ние сè уште му немаме кажано на Луис дека неговото слатко расплачено лице стана атракција во светот. Тој не е свесен дека стана интернет сензација”, вели Сем, таткото на малиот Луис.
Целата кампања ја стартувал Раџип Аптун, пишувајќи на неговиот Indigogo профил:
„На ова видео може да видите низ што минува еден млад фан на Манчестер Јунајтед откако дознава дека Робин ван Перси ќе потпише за Фенербахче. Јас би сакал ова мало дете да дојде во Турција и да го гледа првиот меч на Фенербахче со што ќе има можност да се сретне со неговиот идол Ван Перси. Јас сум сопственик на мал хотел во Истанбул и ќе ги покријам нивните трошоци за престој, но е потребно некој да ги плати билетите од Лондон до Истанбул”, вели Турчинот кој сака да ги пречека Луис и татко му.
Дебито на Ван Перси за Фенербахче се очекува на 16. август кога го пречекуваат Ескишехирспор во Истанбул.
Емотивната реакција на малиот Луис:
Дочекот на Холанѓанецот во Истанбул: