
Селекциите на двете соседни земји беа предводени од легендите Христо Стоичков и Горан Пандев како капитени, а средбата се одигра на стадионот Спартак во Варна.
Македонија победи со 3:2 со головите на Божинов, Пандев и Тасевски, а Бугарија во два наврати израмнуваше преку Камбуров и Михтарски.
За Македонија настапија многу поранешни славни фудбалери, меѓу кои Горан Пандев, Данчо Целески, Зоран Мицевски, Илија Најдоски, Благоја Милевски, Игор Митревски, Љупчо Марковски, Митко Стојковски, Светозар Станковски, Горан Георгиевски, Марјан Стојковски, Тони Мицевски, Неџмедин Мемеди, Ванчо Трајанов, Дарко Тасевски, Драган Канатларовски, Ѓорѓи Христов, Зоран Бошковски, Агим Ибраими, Артим Шаќири, Арџент Бекири и Ванчо Мицевски.
За домашниот состав беа собрани членови на славната генерација која во 1994 година стигна до полуфинале на Светското првенство во САД.
На клупата во нашиот состав беше поранешниот селектор Ѓоко Хаџиевски.